54654

Вечерва на Сител стартува комичната романса „Вљубениот ерген“

 

Од вечерва... запознајте се со Дефне и вљубете се во Омер

 

Од вечерва, па секој работен ден, веднаш по "Парампарче", на Сител ќе се емитува новата романтична серија која ќе ве насмее, расположи и опушти на крајот од денот. "Вљубениот ерген" е избрана за најдобра комедија за 2016 година, а покрај таа награда ги има освоено и признанијата за најдобар телевизиски пар и најдобар актер. Во продолжение, прочитајте што ве очекува на Сител секоја вечер :

 

Vljubenergenodvecerva

 

По смртта на родителите, сиромашната и весела Дефне не се предала и продолжила силно да се бори со сите предизвици на животот. Таа работи како келнерка и заработува за да се грижи за својата баба, својата помала сестра, па дури и за својот постар брат. Никогаш не се жали за пари, и сепак живее среќно, онака како што налагаат условите. Нејзиниот едноставен живот почнува да се комплицира кога дознава дека нејзиниот брат прокоцкал 200 илјади лири кои им се потребни за да се плати киријата.

 

Vljubenergensodrzina2


Од друга страна го запознавае Омер, млад, згоден и богат сопственик на познат бренд за чевли. И неговите родители починале рано, па мирот го нашол во една мала продавничка каде и самиот почнал да изработува чевли. Од мала продавничка успеал да направи препознатлив бренд на обувки и да создаде империја на богатство и пари. И покрај богатството на неговиот дедо, тој не ги сакал неговите пари, туку сѐ во животот постигнал сам, благодарение на волјата, трудот и истрајноста.

 

Vljubenergensodrzina3

 

Овие два сосема спротиставени светови, светот на сиромашната и бунтовна Дефне и светот на богатиот и сериозен Омер, еден ден, сосема случајно ќе се спојат на неочекуван начин. Омер доаѓа во ресторанот каде работи Дефне заедно со девојката, која му е "наместена" од неговата тетка Нериман. Тој не сака договорени врски, па за да ја откачи девојката, во момент смислува план, штом ќе ја здогледа келнерката. Омер ја бакнува келнерката Дефне и ѝ кажува на девојката со него дека всушност Дефне му е девојка. На тој начин успева да го уништи договорениот состанок, наметнат од неговото семејство, но она што не знае е дека... неговата тетка Нериман е во ресторанот и го гледа сето тоа.

Vljubenergensodrzina4

 

Нериман е исплашена дека целото богатство ќе им биде земено од свекорот кој поставува услов дека тоа ќе го направи ако во рок од шест месеци Омер не се ожени. Затоа Нериман ѝ предлага на Дефне еден чуден план - да стане личен асистент на Омер и во рок од шест месеци да го натера да се вљуби и ожени со неа. А за возврат, ќе ѝ даде пари, кои на Дефне ѝ се потребни за да го исплати долгот на братот. Дефне не сакаше да влезе во таа игра, но мора за да го спаси братот и да започне нов живот.

 

Vljubenergensodrzina5


Така започнува играта на Дефне, исполнета со многу хумор, но и љубов. Ќе може ли да ја исполни ветената мисија? Дали Омер ќе ја дознае играта на Дефне и неговото семејство? Омер и Дефне се вљубуваат еден во друг, но кога тајната ќе биде откриена, романтичната комедија нема повеќе да биде иста.

Улоги : Elçin Sangu (Дефне), Barış Arduç (Омер), Salih Bademci (Синан), Sinem Öztürk (Јасемин), Nergis Kumbasar (Нериман) и др.

 

Дани | ТВ Пакет

DM AL 300x250

Ceca Pomal

Casot Na

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012