54654

Кинеската историска драма „Седумте мечеви“ репризно на МТМ

 

Покрај "Ева Луна" и "Забранета страст", сега и кинеските со репризи

 

Oд понеделник, 30 јануари, МТМ телевизија започнува со реприза на "Седумте мечеви" - кинеска историска серија, базирана на новелата "Qi jian xia tian shan". Се работи за приказна за борбите, за љубовта, предавствата и одмаздата, серија за големите херои во едно дамнешно време. На само неколку дена откако заврши премиерно на сите локални, сега започнува репризно и тоа на МТМ, од понеделник до петок, во 12.35 часот.

 

Sedumtemecevi3

 

Серијата раскажува голема љубовна приказна родена во време на големи борби и владеење на една моќна династија.

Приказната ќе ја следите во 34 продолженија, a режирана и продуцирана е од Tsui Hark. Ова е трета кинеска серија емитувана во Македонија, по "Империја Кин" (Сител) и "Легендата за херојот" (МТМ/Локалните телевизии) кои се емитуваа пред повеќе од шест години.

 

Sedumtemecevi7

 

Содржина :
Во средината на 17-от век во Кина, императорот Манчус со принцот Докабо, ги освојуваат териториите на империјата Минг и формираaт нова, таканаречена Кинг империја. Стравувајќи дека заедницата на борци, наречени Вулин претставуваат закана за него, владата на кралството Кинг воведува забрана за боречки вештини и за поседување оружје. Армијата на Императорот има за цел да го покори целото село, да го собере сиот данок од сиромашните и да воведе правила на покор и предаденост кон новата Империја.

 

Sedumtemecevi5

 

Во селото живее младата и убава Јуфант, девојка која работи на житните полиња со ориз и се грижи за своите мали браќа и сестри. Нејзината мајка умрела на породување на последното дете, а нивниот татко е беспомошен и сиромашен старец кој се грижи за сите свои деца.

 

Sedumtemecevi6

 

Нивната судбина се менува кога добиваат покана да дојдат во Империјата и да ја предадат Јуфант на Принцот Докабо, кој сака да се ожени со младата и невина девојка. Таткото на Јуфанг е приморан на таа одлука со цел да го спаси својот и животот на своите деца, но Јуфанг не сака да биде жртва и робинка на Принцот. Јуфанг успева да побегне дента пред да биде предадена во рацете на Принцот и се придружува на шестмина борци, вешти мечувалци против теророт на императорот Манчус и Принцот Докабо.

 

Sedumtemecevi8

 

Така започнува борба на седум храбри херои кои ги добиваат седумте мечеви за борба. Во новата дружина, Јуфанг го запознава Чу Тсаонан, главниот борец против политиката на Принцот. Двајцата се вљубуваат еден во друг, но тогаш се појавува девојката наречена Зелениот бисер која успева да го заведе Чу Тсаонан и да го натера да се вљуби во неа.

 

 Sedumtemecevi1

 

Таа е пратена од страна на Принцот да ги дознае сите планови на дружината "Седумте мечеви", да му ги пренесе и да ја предаде Јуфанг во негови раце. Нејзиниот план постепено се открива кога става отров во храната на Јуфанг и Чу Тсаонан решава да ја избрка од заедницата. Зелениот бисер е свесна дека вистински се вљубила во Чу Тсаонан и дека не може да дозволи да биде со друга жена, но од друга страна е свесна дека Чу никогаш нема да ја сака и дека Принцот ќе ја убие ако дознае дека не го исполнила неговото барање. Затоа Зелениот бисер се самоубива, но пред тоа му кажува на Принцот Докабо каде се наоѓа неговата сакана.

 

Sedumtemecevi2


Луѓето на Принцот ќе ја киднапираат Јуфанг и ќе ја однесат во палатата каде започнува нејзиниот нов живот на болка, страдање и очај. Желбата да се избега од таму е посилна од се', а љубовта кон Чу Тсаонан е единствено нешто што ќе ја натера да го оствари својот план. Чу Тсаонан тргнува во немилосрдна борба против Империјата со цел да ја спаси својата љубена и да го ослободи народот од тиранијата која владее во селото.

 

Sedumtemecevi4


Улоги : Vincent Zhao, Wang Xuebing, Ray Lui, Ada Choi, Qiao Zhenyu, Li Xiaoran, Wang Likun

Покрај оваа кинеска драма, на другите локални телевизии се емитува и кинеската новела "Шепотот на пустината".

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012