54654

Српската комична драма за „Семејството Синѓелиќ“ продолжува на Сител

 

Од среда во 22 часот - продолжуваат авантурите на "Синѓелиќи"

 

Од среда, 8 февруари на Сител телевизија се враќа српската комична серија "Семејството Синѓелиќ", која со нови епизоди продолжува секој работен ден во 22 часот, веднаш по "Вљубениот ерген".

 SingelicinaSitel2

 

"Сингелиќи" е српска верзија на светски популарната шпанска серија "Серанови", своевремено емитувана на А1 телевизија. Досега се снимени 90 епизоди, а снимањето продолжува и во 2017-та година. Серијата има доста драматични, доста комични, но и тажни случувања, кои некогаш ќе ве насмеат, а некогаш и расплачат.

Сторијата за ова лудо семејство започна кога Сретен се ожени со Лила и двајцата почнаа да живеат заедно со децата од своите први бракови.

 

SingelicinaSitel1

 

Имајќи сфатено дека сам не може да се грижи за своите деца по смртта на сопругата, Сретен се реши да се ожени со Лила, негова девојка од средношколските денови и на тој начин да оформи повторно семеен живот. Тој е сопственик на кафаната "Сокаче" и тренер на фудбалскиот клуб "Сингелиќи". 

Лила, пак, е професорка по српски јазик, која по разводот од првиот маж, решила да се омажи за Сретен. Лила има три ќерки, а Сретен тројца синови. Животот во заедничката куќа навидум се чинеше како правилен избор, но постепено и двајцата почнаа да се прашуваат дали е тоа сепак вистинската работа што ја одлучиле.

 

SingelicinaSitel3

 

Синовите на Сретен се Методија, Коља и Гојко, а тука се и неговите двајца браќа Јездимир и Момчило. Од друга страна, ќерките на Лила се Ева и Тереза, а со нив живее и мајката на Лила, Ксенија. Животот во куќата за Ева и Методија значеше ново запознавање, вљубување и чувства кои на почетокот и можеби не е лесно да се признаат. Меѓу другите ликови се Федор и Николина, најдобрите пријатели на Сретен и Лила.

 

SingelicinaSitel4

 

Сите тие заедно ги освоија гледачите и ќе донесат низа на нови хумористични и интересни моменти. Караници, љубовни препирања, секојдневни проблеми, сето тоа ги очекува ликовите во новите епизоди на комедијата "Синѓелиќи".

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012