54654

Понеделник и вторник на Сител - последни епизоди од „Црната роза“

 

Трагедијата завршува, крај за Розата на Сител

 

Понеделник и вторник на Сител телевизија во 22 часот ќе бидат емитувани последните две епизоди на маратонската турска серија "Црната роза". Серијата за традицијата и угнетувањето, за пожртвуваноста и тероророт, за надежта и безнадежноста... доаѓа до своето финале.

 

Crnatarozakraj1

 

"Црната роза" е една од најгледаните турски серии последниве години не само во Турција, туку во целиот регион, па и Македонија. Година ипол емитување на Сител телевизија и година ипол дружење на гледачите со ликовите кои се борат за вистината и правдата. И сега, кога сите трагедии завршија и негативците го добија заслуженото, дали конечно среќата ќе се насмевне за Ебру?

 

Crnatarozakraj2

 

Детето кое беше одземено од неа, сега е тука, но дали по толку години страдање, ќе го чуе зборот "мамо"? Има ли шанса да биде среќна со изгубеното семејство? Има ли шанса да се вратат одземените спомени? Постои ли сега среќа за црните рози? Постои ли живот за жените кои се родија таму каде што немаше надеж за тоа?

Понеделник и вторник на Сител телевизија, последни епизоди од "Црната роза". Од среда во нејзиниот термин, продолжуваат нови епизоди од српската серија "Синѓелиќи".

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012