54654

Oд сега, МТМ телевизија со неколку дневни изданија на „Илузионист“

 

Потсетете се како започна хит серијата "O Astro"

 

По барање на фановите на бразилските ТВ новели, МТМ телевизија со нови репризни изданија на новата хит серија "Илузионист". Па така, премиерните изданија може да ги следите секоја среда, четврток и петок во 21.20 часот, веднаш по "Ева Луна". Репризите на епизодите се емитуваат ноќта по полноќ, и наредниот ден во 14.40 часот и 18.40 часот. Неделен омнибус на сите прикажани епизоди МТМ емитува во недела во 17.55 часот. Освен на МТМ, серијата со емитување започнува и во другите градови ширум Македонија, како на пример во 19 часот на Визија, 14.30 на Кис, ТВМ итн.

"О Астро" е серија која ја има добиено престижната Еми награда за најдобра новела во светот за 2012 година.

 

Astroreprizi14.401

 

"Илузионист" ја следи приказната за еден магионичар Еркулано кој успева да ја заведе и да се вљуби во убавата Аманда. Семејството на Аманда е на чекор од банкрот затоа што злобните браќа од семејството Халаја им ги превзедоа кинеските соработници. Сега, кога е изиграна од Халаја, за Аманда не останува ништо друго освен поддршка и љубов да побара од шармантниот магионичар.

 

Astroreprizi14

 

Истовремено ги пратиме случувањата во семејството Халаја. Саломао Халаја е еден од четворицата браќа, големиот магнат и сопственик на синџир супермаркети низ Бразил. Тој е доминантен и сака да има контрола над животите на сите во неговото семејство. Неговиот син Марсио се оттргнува од семејството и започнува живот во еден сиромашен кварт, вљубувајќи се во убавата Лили. На Кло, жената на Саломао, исто и е преку глава од таквиот живот, па затоа наоѓа и љубовник.

 

Iluzionist3

 

Вториот брат е Самире. Тој е злобен, манипулативен и пресметлив. По секоја цена сака да ја превземе големата компанија, вљубен е во Аманда и има љубовници.

Третиот брат е Жозеф, а четвртиот Амин. И тие, заедно со нивните сопруги сакаат дел од колачот на големиот холдинг Халаја.

 

Iluzionist2

 

 Во новите епизоди на "Илузионист", дознајте што ќе се случи со љубовта на Еркулано и Аманда? Ќе може ли Аманда да си го врати изгубеното богатство? Што следно подготувва Самире за да го превземе семејниот бизнис и да ги уништи сите кои му стојат на патот? Една голема трагедија неочекувано ќе го смени текот на настаните и ќе донесе неизвесност до самиот крај.

 

Дани | ТВ Пакет

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012