54654

Во понеделник на Канал 5 е финалето на романтичната комедија „Љубов“

 

Крај на приказната за Зејнеп и Фатих

 

Во понеделник во 20.30 часот, Канал 5 телевизија ќе ја емитува последната епизода од романтичната комедија "Љубов" која ве забавуваше и смееше последниве неколку месеци.

 

Askyenidenkrajna1

 

Приказната за Зејнеп и Фатих стартуваше сосема спонтано, запознавајќи се во авион и започнувајќи една игра која ќе прерасне во голема љубов. Имаше и сплетки и завери, но во прв план беа згодите и незгодите на Зејнеп и Фатих кои до самиот крај се бореа за својата љубов и своето дете.

 

Askyenidenkrajna2

 

И сега, кога сите се помирија и кога не постои пречка за убав завршеток, постои ли нешто друго што ќе го смени текот на настаните? Дали ваква серија ќе си го добие среќниот крај и сите ликови ќе се спасат од пустиот остров?

Од вторник на местото на "Љубов", ќе се емитува "Животот не е песна" во продолжено времетраење.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012