54654

Исповед на актерката од „Парампарче“ - што се случило меѓу неа и Џихан

 

"Џихан не смееше да ја покажува својата машкост преку мојата женственост"


“Навистина е многу лошо... Кога би проговорил, би се зборувало за тоа на сите страни!” Еркан Петеккаја кој ја има главната машка улога во серијата “Парампарче” го изјави ова за Нурѓул Јешилчај, која ја толкуваше улогата на Ѓулсерен во хит серијата. Се прашувам, што тоа направила Нурѓул? Всушност, што е толку лошо за да би се зборувало за тоа на сите страни? Мора нешто ужасно да криела, мора да има некоја маана. Или порано ја имала.

 

Gulserenintervju1


Како што и било напишано во сценариото на серијата, Нурѓул сметала дека двајца заљубени мора понекогаш да се бакнат, а Еркан на тоа реагирал со зборовите “Тебе посебно те интересираат тие бакнежи! Ти си навикната на такви работи!” Одбивал да снима бакнежи. Еден од изговорите бил тоа дека наводно на конзервативната публика во Анадолија ќе им биде непријатно да гледа такви сцени.
Нурѓул е самохрана мајка на дете од 11 години. Веќе не сакаше да молчи по повод тврдењата на Еркан Петеккаја. “Јас не сум лесен плен!” рече и раскажа сѐ во едно интервју.

 

Gulserenintervju2

 

Во интервјуто кое следи, Нурѓул раскажува како започнал конфликтот со нејзниот колега Еркан, познат како Џихан од "Парампарче". И токму поради тој конфликт меѓу двајцата, актерката ја напушта серијата, а сценаристите се приморани да го убијат нејзиниот лик - Ѓулсерен.

Gulserenintervju3


Каква е приказната за Еркан Петеккаја и серијата “Парампарче”?
- Пред сѐ, сакам да го кажам следното. Јас не сум некој кој сака да зборува за нешто што завршило. И до сега не сум зборувала за тоа. Одлуката беше заедничка, 52 епизода заврши и нашите патишта продолжија во различни правци. Но од друга страна, тој продолжи да зборува за тоа. На крај краева изјави “Ако би кажал кои се вистинските причини, Нурѓул не би смеела да излезе на улица.” нешто кое е толку ниско. И се разбира дека тоа не ми се допадна! Тоа звучи како да сум направила некакво срамно злодело. Па штом така, тогаш и јас ќе кажам сѐ што имам. Ако играме така, ќе играме до крај.

Еркан Петеккаја не сакаше да снима сцени со бакнежи иако тоа го пишуваше во сценариото. Тоа можевме да го прочитаме во весниците. Наводно изјавил “Во мојата Анадолија има конзервативни гледачи...”.  Која е правата вистина?
- Би раскажала сѐ од почеток. Претходната година почна да зборува вака: “Нема да глумам заљубен пар со тебе.” Оваа година, таа негова изјава во целост се покажа. Јас реков: “Зошто?” , “На крај краева, јас глумев и лезбејка и проститутка... Сѐ можам да глумам. Ние сме глумци. Како може поинаку? Како можеме да кажеме дека нешто не сакаме да глумиме.” А тој на ова одговори: “Ќе разбереш...”

Gulserenintervju3


Како тоа?
- Тогаш и јас исто не сфатив. Потоа сепак го видов значењето на тоа што го кажа.

Како тоа, дали тоа значи дека “За да глумиме заљубен пар, зарем мора да бидеме љубовници?”
- Тоа не знаеме... А и како би го процениле. И тоа продолжи. Но позади тој човек непрекинато избиваше некаква непријатност, непрекинато зборуваше “Нема да глумам заљубен пар со тебе.” Јас се грижев за нешто друго, се грижев за мојата улога и не обрнував многу внимание на неговите чудни зборови.

А што беше тоа?
- Јас сум многу голем реалист. “Ќе се гледаме еден со друг во очи, како да сме заљубени. Па што тогаш, нема потреба за преувеличување. На крај краева, ние снимаме серија, не се занимаваме со некој возвишен занает, заработуваме пари. Снимањето на оваа серија храни многу луѓе. Но неопходно е добро да ја работиме својата работа. Мораме да ја работиме онака како што треба!” За тоа се грижев јас. Всушност, и јас како гледач би рекла: “За овие двајца ликови да бидат реални, мора да има нешто повеќе од држење за раце. Мора и да се бакнат, затоа што двајца заљубени се разбира дека се бакнуваат.”

Gulserenintervju4


Имаше ли такви сцени во сценариото?
- Секако! Ама главниот глумец не сакаше да го глуми тоа и поради таа причина немаше бакнежи! И над сето тоа ми рече нешто како “Ооо! Тебе посебно те интересираат тие бакнежи! Ти си навикната на такви работи!” Тоа се навистина грди и сурови зборови кои ги добив од негова страна.

Но, продукцијата можела да интервенира. Зарем немаше режисер кој би рекол “Мораме да го почитуваме сценариото!”?
- Имаше режисер, ама немаше личност која е “способна да режира”! Режисерот на оваа серија кој беше свесен за тоа како би било во вистинскиот живот, не можеше да го поднесе тоа што се случуваше и во јуни претходната година ја напушти работата. Потоа дојде некој млад човек, но всушност главниот глумец ја режираше својата глума! Токму така беше. Што и да речеше Еркан Петеккаја, режисерот ќе му се насмевнеше, ќе го прифатеше тоа и ќе се согласеше со него.

Gulserenintervju5


Мислиш ли дека конзервативната публика во Анадолија е вистинската причина за одбивањето бакнежи?
- Се разбира дека не! Тоа го измисли потоа! Во една претходна серија тој глумеше лик кој ја силуваше поранешната сопруга, а потоа и лик кој уби човек, тепаше деца и слично... Тоа беше серијата "Бурни времиња", која како што знам имаше неверојатно голем успех и кај вас во Македонија. Анадолците ништо не кажаа за таквите сцени, а би зборувале за бакнежите? Можеби се работи за тоа дека “Еден маж може да прави такви работи, но саканата личност никогаш нема да ја бакне!” Можеби тоа сакаше да го каже, не би знаела... И сѐ уште не можам да сфатам...

Зошто не би се бакнувал некој кој игра заљубен човек, а притоа се работи за глумец – маж?
- Ќе ти кажам. Тој на тој начин сакаше мене да ме повреди. Сакаше да ме потцени, понижи. Ама нема да ја докажуваш својата машкост преку мојата женственост! Нема да го дозволам тоа! И не го дозволив ...

 

Gulserenintervju6


Дали се работи за тоа дека гледачите навистина не сакаат да гледаат сцени со бакнување поради конзервативност?
- Во никој случај! Далеку од тоа! Доволно е да прочиташ вести или она што го пишуваат на твитер. Сите велат “Доста е веќе! Преминете на нешто повеќе од држење за раце.” Тоа веќе не беше убедливо. Не беше возможно да се поверува дека на екранот се гледаат љубовни сцени. И не смао Турците, многумина и од Балканот и Европа сакаат во турски серии да видат нешто повеќе од само држење за рака. Сакаат да видат бакнежи, па дури и секс на екран.

Дали смее и дали е дозволено актер да може да го менува сценариото?
- Јас мислам дека никако не смее! Ние снимавме љубовен филм. Излегоа фотографии на кои еден со друг се гледаме во очи. Тоа им го ветивме на луѓето. Ако тоа е она што им го ветивме, не смееме да ги измамиме. Но во оваа земја Турција, мажот има право да прави што сака. И тој смета дека сето она што го прави е исправно. За тоа се работи всушност. Ние сме сведоци на тоа дека многу тешки работи преживеавме. А после без никаков срам рече: “Ако прозборам, за тоа ќе се зборува на сите страни!” Брате, јас имам прекрасен син од 11 години. Од каде имаш ти право да зборуваш такво нешто... Зарем мојот син нема да ме праша: “Мамо, што имаш направено?” А што имам направено? Какво е тоа клеветење. А некој тоа трачарење дури го ставил и како наслов. И се разбира дека се изнервирав поради тоа. Јас не сум личност која функционира по принципот ‘пукај во глава, изеди каде боли’. Но и не сум некоја која може да трпи неправда.

Gulserenintervju7


Колку што сфатив, помеѓу вас двајца не постоело ниту малку хемија...
- Тука не се работи за хемија. Ние се занимаваме со одредена работа! Заработуваме пари. Ајде да ја работиме таа работа како што треба. Не мора меѓусебно да се сакаме. Но мора да се почитуваме. Доколку се работи за маж, него сѐ му е дозволено. А ако мало девојче направи грешка и ги прекрши правилата, веднаш се почнува со лавина од навреди. За време на снимањето искажуваше неописливи навреди, се дереше, викаше, а оној таканаречен режисер, на сето тоа се смееше. Кој си ти бе?

Gulserenintervju8


Ти всушност зборуваш за нешто што сите го знаеме, а тоа е дека ова е свет на мажите...
- Да, општата атмосфера во Турција е дека ние го добиваме она што сме го заслужиле! Тие насилници, тие типови кои имаат чувство на надмоќ, типови со високо его, на сите нас ни се познати, нели? Во една друга серија, еден од актерите до смрт ја претепа својата девојка. И тој сѐ уште може да најде работа. Продуцентите за тоа велат: “Од каде да знаеме дека таа девојка не лаже? Можеби тоа го рекла бидејќи сака да стане позната!” Дали е дозволено такво нешто? Епа во оваа земја е... Каква е таа срамота! Но доаѓа момент кога ќе се побуниш! Кога ќе речеш: “Ма, кој си ти бе?!” , “Кој си мислиш дека си?” Јас сум моментално во таа состојба на побуна...

Дали порано си доживеала такво нешто?
- Не, никогаш! Сум работела со Атиф Јилмаз, Фатих Акин... Туркан Шорај, Шенер Шен, Озџан Дениз, Мурат Јилдирим... Никогаш не сум доживеала нешто непријатно. Доаѓав на снимање на време. Ќе го одработев својот дел од улогата. Ќе го одиграв својот дел и ќе си одев дома. И не знам друг начин освен тој. Кога одам на снимања, не сум навикната да чекам по 8 часа. Но во оваа серија беше така. Господинот не се појавуваше на снимањата. Поради него почнав и да везам. Бидејќи времето како да не поминуваше, чекај, чекај... а него нигде го нема.

Gulserenintervju9


Дали тоа значи дека тој мора да биде воодушевен што ќе се бакне со тебе поради улогата? Може да се смета во таа смисла...
- Не. Затоа што тој знае што всушност сака таа друга личност.

Во која смисла?
- Тој вака размислува: Една жена мора тоа навистина да го сака, да се бакне со него поради улогата... За тоа се работи! Жената мора да му се восхитува... А јас тоа го гледам вака: “Снимањето на оваа серија храни над 100 луѓе, ајде да ја работиме својата работа, одиме!” Ќе се бакнуваме ако тоа го бара самата улога, ќе имаме добар рејтинг, јас се грижам околу тоа. Изгледа дека неговото срце тоа не можеше да го издржи! Човек кој непрекинато зборува: “Јас, јас, јас” на тој начин сака секогаш да ги гланца своите раскошни пердуви.

Колку е тешко да се биде жена во оваа работа?
- Подеднакво е тешко да се биде жена во оваа работа, како и да се биде жена во другите сектори на ова друштво. Да се биде тетка Ајше, сестра Фатма, да се биде Нурѓул Јешилчај, така е тоа... Таков е редоследот воспоставен во друштвото.

 

Gulserenintervju10


КОГА РЕЈТИНГОТ ПАДНА, МОРАШЕ ДА ПОЧНИ КЛЕВЕТЕЊЕТО

Зборуваш за многу тешко его?
- И тоа како! Се разбира, кога рејтингот падна, не можеше тоа да го прифати. Беше неопходно некој да го оцрни. Јас не сум личност која функционира по принципот ‘пукај во глава, изеди каде боли’. Не сум била и никогаш нема да бидам. Само поради себе го зборувам сето ова, има многу жени кои се изложени на вакво нешто во оваа работа. За жал, сите се залагаат за “машка солидарност”. После сѐ што ќе направат, некој ќе им речи “Ќе се извиниш!”. Сигурно продукциската куќа изврши притисок врз него за да се извини. Се разбира дека јас тоа не го сакав, ниту ќе сакам!

 

Gulserenintervju11


Кога се случи тоа?
- Тоа се случи на крајот. Јас сум актерка која добро ја работи својата работа. Нема награди за глума во Турција кои не сум ги добила. Но ете, жена си, тој (маж) е прв кој ќе се спаси од огнот, а ти си прва која ќе се изгориш. Јас ниту една серија не сум напуштила, но не можев да го почитувам “редот” на тој маж таму. Си мислев, ако сето ова го доживувам јас, кој знае што сѐ доживуваат другите жени или неговите претходни партнерки.

Gulserenintervju12


Имаш ли обичај да озборуваш?
- Никогаш! Види, јас не пијам на снимања. Да се знае, тоа категорично го велам! И за време на снимањата, никогаш не се занимавам со сплеткарење и клеветење други. Но ако мене некој ме клевети... Ќе му вратам! Затоа што и јас имам граница на толеранција. Бевме во паркот Yedigöller. Бев таму. Самата себе си велев: “Смири се, последна сцена! Издржи...” Ме повикаа долу, се симнав. Седеше таму, толку полн со себе. Оној таканаречен режисер беше покрај нас. И тогаш Еркан рече: “Гледајте што најдов во ѓубрето”. Дали ти се верува? Екипа од 300 луѓе и тој таканаречен режисер беа покрај нас, а тој така рече за мене. И кој не би се налутил. Во себе си помислив: “Толку слатко би го удрила во уста, во лице.” но ништо не реков. Длабоко зедов здив. Потоа погледнав во сценариото и ааа има што да видам, таму имаше некоја романтика. А тој “Не го можам јас ова! Не можам јас ова да го изговорам!” Реков “Ова треба да биде многу романтична сцена!” И мислиш дека не рече повторно “А ти баш сакаш такви работи!”? Рече...

И?
- Јас во себе си мислев “Ако сето она што сакаме да го кажеме можеме да го кажеме како да е во сценариото, тогаш и јас ќе направам така!” Ќе го игнорираме она претходно. И тој почнува да чита и вели: “Ѓулсерен, како си?” А јас одговарам: “Добро сум, пи*ка ти матер!” Да, го направив тоа! Толку ме разбесна што му го реков тоа! После го тргнав микрофонот “Јас оваа сцена не можам да ја снимам!” реков и отидов...

 

Gulserenintervju13

 

До толку ли дојде?
- Да... Можеби затоа рече “Ако кажам, на сите страни ќе се зборува за тоа!” Според мене, тоа значи дека ми се заканува. Но нема да му поминат такви закани и такви бакрачи, јас сум многу похрабра од тоа, се` што имав реков. Бидејќи, такви луѓе, тие такви нивни приказни за големата машкост не можам да ги трпам и мислам дека треба да се отстранат од пазарот, од работата. Тоа што ми се случуваше со него додека ја снимав "Парампарче" беше буквално, мобинг.

Мислиш дека тоа што Еркан го кажа “А тебе баш те интересираат тие сцени” е мобинг?
- Да, мобинг е. Господ ми е сведок! Бев под психолошки притисок. Сите знаеа за тоа, а никој ништо не велеше. Јас сметам дека тоа е она што е проблем во Турција. Сите се` знаат, но бидејќи тоа е машки свет тогаш “Ако си маж, што и да правиш секогаш си во право.” А посебно ако тој некој има моќ, дури и ако спроведува тиранија никој нема да пушти ни глас.

 

Gulserenintervju14


А од каде наоѓа право да прави такво нешто?
- Тој е Еркан Петеккаја. “Сѐ што тој ќе каже или направи е добро!” ќе речат другите.

Зарем тука не беше и продукциската куќа?
- Беше. Кога го доживеав тоа што го доживеав, отидов кај нив и им реков “Сакам да си одам. Овде сум во таква една “машки настроена” средина. Тој човек смета дека треба да работи и сѐ да биде онака како што тој сака.”

А што тие рекоа на тоа?
- Ме сослушаа и ми рекоа: “Ако за тоа зборуваш за време на снимањата, овде има многу новинари. Тоа за тебе воопшто нема да биде добро!” Ме уништија со тоа. Се насмеав “А зошто би зборувала за тоа за време на снимањата? Кога мојот брак заврши, јас не зборував за тоа. Ако сум рекла дека нешто нема да направам, тогаш нема.” Но ако човекот на сите страни зборува за мене, тогаш ситуацијата се менува, и токму така беше.


Gulserenintervju15

 

Кога сѐ заврши и кога си заминуваше, зошто мислиш дека тој го кажа тоа?
- Рејтингот на серијата падна на 5% затоа што јас си заминав од серијата. Да останев, епизодите би имале рејтинг од 9,5%. Сакам да се знае само едно, не паѓам на клеветења од типот “Баш те интересираат тие бакнежи.” Никој, ама баш никој нема право да каже такво нешто. Јас сум жена која живее сама и мислеа дека нема да го подигнам својот глас. Како се осмелува! Со месеци трпев мобинг, не можев да издржам. На сите им кажав се` што имав, а после станав и си заминав. Не можеш да ја докажуваш својата машкост преку мојата женственост! Нема да ти го дозволам тоа!

Дали во основа би можела да бидеш љубоморна?
- Никако. Тука во целост се работи за машкото его! Во оваа земја, на секое поле, во секоја работа го доживуваме тоа. И поради тоа сакав да снимам со жена режисер, слатко би си ја работеле својата работа.

Кога го рече тоа “Ако кажам која е вистинската причина, за тоа ќе се зборува на сите страни!” не му се јави на телефон да го прашаш “Еркан, што е ова?”...
- Не сме имале таков разговор. Им ѕвонев на продукцијата, но тие не се јавуваа на телефон. Јас не сакам да навлегувам во ничиј приватен живот, но види како ме обвинува мене за низок морал... До ден денес излегоа еден куп вести во медиумите за она што тој го кажа! А после таков човек мене се обидува да ми “продаде” слика за примерен татко на семејството! Ма, ти се молам!

 

Забрането е било какво копирање и преземање на ова интервју во целост или во делови!
Единствено е дозволено копирање на најмногу два пасуса, а притоа задолжително се наведува изворот и се поставува линк до целосното интервју!

 

| ТВ Пакет

 

Pivo Baner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012