54654

Злобната Арзу од „Елиф“ : Жешки сцени би снимала само со Жерард Батлер

 

Запознајте се одблиску со Арзу од хит серијата "Елиф"

 

Веќе трета година по ред, македонските гледачи со задоволство ја пратат турската сапуница "Елиф", која се емитува на Канал 5 телевизија во 21.00 часот. Покрај едноставната приказна за малечката Елиф, особено интересен лик за гледачите е злобната Арзу, која од самиот почеток не бира средства да ги уништи Елиф и нејзината фамилија.

 

Arzu1

 

Џемре Мелис Чинар е 26 годишна актерка која настапува во улогата на опасната Арзу. Иако на екран изгледа доста постаро, сепак се работи за млада актерка чие потекло е од Русија. Омилени бои и се виолетовата и црната, ужива да готви и често експериментира во кујната, особено кога се во прашање десертите. Оваа новела е за неа прво актерско искуство, иако пред тоа настапувала во театар. Нејзина најпозната театарска претстава е "Мојот чамец е врзан за пристаништето".

 

Arzu2

 

- Иако Арзу е негативка, сепак луѓето ја сакаат. Тоа е затоа што таа ниеднаш досега не се предала. Еве и во третата сезона, таа е сама, но цврста и истрајна. Таа има свој стил на облекување, држење и говорење што им е доста интересен на гледачите на "Елиф". Живееме во свет во кој жените во Турција се сметаат сè уште за граѓани од втор ред и можеби затоа особено жените ја обожуваат. Нејзина главна особина е борбениот дух - кажува актерката за својот лик и додава :

 

Arzu5

 

"Меѓу мене и Арзу нема никакви сличности. Јас сум против насилство, а таа гази сè пред себе и убива. Сметам дека таквите луѓе како Арзу кога тогаш си ја добиваат казната. Јас, наспроти неа, сметам дека сите луѓе се исти и еднакви и треба да тежнееме кон среќа, но не да обвинуваме некој друг за тоа што ни се случува. Единствената сличност која ја имаме со Арзу е борбеноста. Не се плашиме од пораз, не се предаваме. Таква сум јас, таков е и мојот лик".

 

Arzu6

 

 За актерката било особено тешко да се игра ваков лик во почетните епизоди, со оглед на тоа дека Арзу живее брзо темпо, не умее да сака и е непредвидлива.

- За мене "Елиф" и ликот што го играм се вистинска школа. И во актерството, и во животот. А Арзу... таа е комплексен лик. Кога би постоела во реалниот живот, би ја прегрнала, би и пружила љубов и грижа, затоа што тоа е она што нејзе и фали целиот живот.
 
Arzu3
 
 Во серијата, Арзу имаше и мала ќеркичка, а во реалноста двете актерки многу се зближиле до тој степен што Џемре ја засакала Тукче како свое дете, кое еден ден би го имала.
 
Arzu4
 
 Иако на екран се најголеми ривалки, Џемре и Селин (Мелек) приватно пак се најдобри другарки кои често знаат да се шегуваат и смеат на снимањето.
 
- Да, актерката што ја толкува Мелек е најсикрената личност што ја имам запознаено. Е, меѓу неа и Мелек навистина има сличности за разлика од мене и Арзу.
 
Arzu8
 
На прашањето кој по неа е најдобар фраер во серијата, ќе каже дека тоа е актерот што го толкува Селим, а пак во светски рамки со кого би снимала жешки сцени - тоа е Жерард Батлер. 
 
 Arzu7
 
Нејзин најголем сон е да стигне до Бродвеј, а во скоро време, ќе промовира своја линија на облека.
 
 
Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012