54654

„Ева Луна“ урива рекорди во репризирање на локалните телевизии

 

МТМ со реприза на репризата, Шутел за прв пат со шпанска серија

 

Сезона без премиери на македонските локални телевизии. Венецуелската серија "Ева Луна" премиерно беше емитувана на Скај Нет пред 2 години, за минатата година да започне репризно на МТМ. По завршување на репризата на МТМ, серијата повторно со уште една реприза на истата фреквенција, а од скоро и на скопска Шутел во 17 часот.

 

Evalunainasutel1

 

Содржина :

Приказната за младата, убава, вредна и сиромашна Ева започнува во Лос Анџелес каде Ева заедно со нејзиниот татко и сестра имигрирале во Америка. Како би помогнала финансиски на своето семејство, Ева наоѓа работа како келнерка на една голема гала забава каде го запознава богатиот публицист Даниел и неговиот пријател Леонардо Арисменди.

Голема трагедија која се случува наредниот ден ќе го одбележи животот на Ева. Нејзиниот татко е прегазен на улица и умира во рацете на Ева. Воачот бега од местото на несреќата, а Ева се колне дека ќе го најде и ќе ја одмазди смртта на својот татко.

 

Evaluna1

 

Таа не ни претпоставува дека оној кој го уби нејзиниот татко е всушност Леонардо. Од друга страна, Леонардо е маѓепсан од убавината на Ева која ја запозна на забавата и и' нуди работа во неговата голема куќа, така што ќе се грижи за неговиот болен очув, дон Хулио Арисменди. Ева се вработува во куќата, а пак Леонардо се обложува со Даниел дека за еден месец ќе ја одведе Ева во кревет. Даниел не сака тоа да се случи затоа што потајно и безнадежно се вљубил во младата негувателка, и решава да стане нејзиниот заштитник.

 

Evaluna2

 

Даниел е во врска со Викторија Арисменди, сестрата на Леонардо, која е една препотентна, злобна и своеволна девојка која посесивно го сака Даниел само за себе. Викторија и нејзината мајка Марсела ја малтретираат Ева додека работи во куќата, а пак таа, единствена помош и наклонетост наоѓа кај стариот дон Хулио. Омразата на Викторија кон Ева станува уште поголема кога дознава дека постојат љубовни искри меѓу неа и Даниел. Затоа Викторија и Леонардо решаваат да ги разделат Даниел и Ева и започнуваат со нивните сплетки. Леонардо и кажува на Ева дека Даниел е оној кој го прегазил нејзиниот татко и кукавички избегал, а таа разочарана и тажна, зажалува што се вљубила во Даниел.

 

Evaluna3

 

Дон Хулио решава да ја заштити Ева од злобните доња Марсела, Виктоирја и Леонардо и нивните лаги и манипулации, па смислува еден чуден план. Ја исценира својата смрт, Ева заминува од куќата и со негова помош создава нов идентитет. Сега, под името Луна, таа се враќа во животите на Арисменди кажувајќи дека е некоја богата наследничка на дон Хулио. Таа тогаш ја дознава вистината за убиството на нејзиниот татко и сфаќа дека Даниел е невин.

 

Evalunainasutel2

 

Но, на патот на среќата на Ева и Даниел и понатаму ќе стојат Марсела, Леонардо и Викторија кои ќе го направат се' за да го загорчат животот на младата Ева.

Улоги : Blanca Soto (Ева Луна), Guy Ecker (Даниел), Julian Gil (Леонардо) Vanessa Villela (Викторија), Susana Dosamantes (Марсела)

 

 

Дани | ТВ Пакет

DNK 300x250

AL 300x250

VM 300X250 Minj

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012