54654

Канал 5 плус со уште една реприза на индиската сапуница „Светлина“

 

Приказната за Сандја и Сураџ повторно на малите екрани

 

Иако неколку пати досега беше репризирана, сега Канал 5 плус со уште една реприза на индиската сапуница "Светлина". Серијата се емитува репризно на оваа фреквенција од понеделник до петок во 22 часот (9 часот), а во продолжение ве потсетуваме на содржината на серијалот, емитуван премиерно пред неколку години до половина на Канал 5 :

 

Svetlinarepir1

 

Сандја е 19 годишна девојка која потекнува од средната класа и со своето семејство живее во Пушкар. Нејзината животна желба е да стане полицaјка, да се бори за правдата во Индија и да ги сруши строгите правила кои важат за индиските девојки. Да стане полицаец за една девојка од средната класа е многу тешко. Нејзиниот татко Арвинд е искрен и добар човек кој чесно работел за владата и кој и ја дава најголемата подршка на Сандја.

 

Svetlinarepir2

 

Како и татко и, така и мајка и Канчан и снаата од брат Анкита ја подржуваат Сандја да го оствари својот сон. Единствено нејзиниот брат Анкур гледа за богатството на семејството, па затоа сака да ја омажи сестрата за богат маж.
Животот на Сандја се менува кога под чудни околности, таа ќе се омажи за Сураџ и ќе стане дел од семејство кое не го познава. Тука се нејзините свекрва, девер и јатрва кои не ја сакаат Сандја во својот дом. Но Сураџ е единствениот кој може да го оствари сонот на Сандја.

 

Svetlinarepir3



Улоги: Deepika Singh, Anas Rashid, Ashok Lokhande, Neelu Vaghel, Gautam Gulati, Kanika Maheshwari, Varun Jain, Pooja Singh, Sehrish Ali, Aryan Sharma, Rashmi Pitre, Eijaz Khan

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012