54654

Полноќна реприза на турската серија „И небото плаче“ на Канал 5

 

"И небото плаче" - реприза секој ден околу полноќ

 

Inebotoplace2

 

"И небото плаче" е турска тв новела, која ни откри приказна од која и крвта заледува. Приказна за една кревка девојка и за лудоста на еден човек, која ги надминува сите граници. Приказна за надежта родена онаму каде и не постои.

Серијата која пред скоро две години се емитуваше премиерно на Канал 5, сега со полноќна реприза на истата фреквенција. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на оваа серија :

 

Inebotoplace1


Приказната започнува во едно погранично место во Турција, место во кое владеат закоравени обичаи и во кое правилото на традицијата е посилно од секоја желба или потреба. Во еден голем и величествен конак, под свои правила живее семејството на господинот Аслан Булут, кој е богат и почитуван началник во местото. Кога во селото доаѓа докторот Сердар и станува дел од таа заедница, се менува животот на сите. Тлото под нозете на семејството Булут се затресува, а воспоставениот мир се нарушува. Тој е дојден во тој регион затоа што местото е на работ на минско подрачје и заедно со група на волонтери работи доброволно во таа опасна зона, покрај работата во селото.

 

Inebotoplace3


Во селцето, Сердар ја запознава убавата Нарин, во чии очи препознава големо страдање и тага. Таа била оттргната од училишните клупи и насилно омажена за Мустафа Булут, синот на почитуваниот господин Аслан. Во тие години на брак без љубов, се обидела и да побегне, но безуспешно. Никој не ги слушал нејзините крикови за помош од лудиот Мустафа, кој болно ја држи затворена и постојано ја злоупотребува. Колку повеќе таа се обидувала да побегне од Мустафа, толку поголема станувала и страста на Мустафа кон неа, претворајќи се во опсесија кон девојката.

 

Inebotoplace4

 

Нарин се покорила на судбината и секој ден плачела заедно со небото, да и помогне Бог, да најде мир и љубов на друго место, подалеку од лудакот Мустафа. И додека небото плаче заедно со неа, се појавува Сердар во нејзиниот живот и двајцата се вљубуваат еден во друг. Сердар и неговата мајка Инџи ќе сторат се' за да ја спасат Нарин од огнениот пекол во конакот.
Но, опасноста ја демне Нарин и од друга страна. Асија, втората жена на Мустафа, ќе стори се' за да добие свое место во конакот и да ја оттргне девојката од семејството Булут.

Улоги : Melisa Sözen, Engin Akyürek, Engin Altan Düzyatan, Meral Okay, Berfu Öngören, Ünal Silver, Ceren Olcayto, Sema Keçik

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012