54654

Наскоро на малите екрани, нова латино теленовела „Rosa Diamante“

 

Наскоро ... Она што се чекаше, она кое го баравте

 

ТВ Пакет ексклузивно дознава - многу наскоро во Македонија започнува новата латиноамериканска хит новела - "Rosa Diamante". Во продукција на гигантот Телемундо, серијата ги освои срцата на милиони гледачи во светот благодарение на нежната љубовна сторија и интригантните заплети кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај.

 

Rosadiam1

 

Класична приказна што ќе ве врати во времето минато со најголемите хероини од новелите, времето кога сите навивавме за среќата на Росалинда, сонувавме за љубовта на Есмералда, тежнеевме кон богатството на Фиорела, плачевме за маките на Есперанса. И токму сега на малите екрани се враќа серија која ќе не потсети дека животот е бајка, во кој принцот и принцезата мора да ги пребродат сите препреки за да бидат заедно и среќни.

 

Rosadiam2

 

Наскоро, очекувајте ја "Роса Дијаманте", приказната за розовиот дијамант и девојката сираче која во светот на мрачните тајни и скриените вистини ќе ја пронајде вистинската љубов. Наскоро, започнува романтичната сага за Роса и Хосе Игнасио.

 

Rosadiam3

 

За терминот на емитување, телевизијата која ќе ја емитува и содржината на новелата, откриваме за брзо.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012