54654

Уште една трагедија во „Парампарче“ : И замената си замина

 

По Ѓулсерен, умре и новата љубов на Џихан

 

Вчеравечер, гледачите на Сител телевизија имаа можност да ја проследат последната епизода од оваа сезона на мега хитот "Парампарче". Крајот на сезоната ги шокираше верните фанови на серијата поради тоа што уште една трагедија го одбележа животот на главниот лик Џихан. Но, зошто уште една хероина врзана со Еркан (Џихан) умира?

 

Ajseumiraz1

 

После демонстративното заминување на Нурѓул (Ѓулсерен) стана јасно дека Еркан (во серијата Џихан) навистина ги влече сите конци на снимањето на серијата “Парампарче” и се меша како во режијата и сценариото, така и во изборот на актерската екипа. На половина од втората сезона, како замена за Нурѓул доаѓа пријателката на Еркан - Шукран Овали, во улога на психологот Ајше. Шукран Овали се приклучува на актерската екипа по барање на Еркан. Еркан на социјалните мрежи ги блокираше сите фанови кои го критикуваа нејзиното доаѓање, а навредените гледачи своето незадоволство од неговите постапки го споделија на Инстаграм, коментирајќи ги фотографиите на Нурѓул.

 

Ajseumiraz2

 

Но и Шукран ја снајде нејзината судбина - ја напушти серијата на крајот од втората сезона бидејќи не можеше да се избори со мачоизмот на Еркан, а повеќегодишното пријателство падна во вода. Во официјалното соопштение од продукцијата наведено е дека нејзиниот лик не бил потребен за во третата сезона, но во тоа никој не поверува.

Нејзиниот лик умира на што бевте сведоци вчеравечер, а со кого ќе се заплетка Џихан во последната сезона, дознаваме по летните одмори.

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012