54654

Актерите од летниот хит на Сител, „Мојот син“, и приватно во врска

 

"Мојот син" ги спои полицаецот и ќерката на мафијашот

 

Pijrazxvrskaa4

 

Криминалистичката сапуница "Мојот син" е главен телевизиски хит ова лето. Секоја вечер во 19.50 часот, гледачите со нетрпение ја очекуваат секоја епизода за да дознаат во што следно ќе биде вплеткан Појраз, како ќе се одвива неговата врска со Ајшеѓул и дали ќе го добие бараното старателство врз синчето.

 

Pijrazxvrskaa5

 

Ако во серијата врската на Појраз и Ајшеѓул е доведена во разно разни околности за опстанок, сепак во приватниот живот не е така. Илкер Калели (Појраз) и Бурџин Терзиоглу (Ајшеѓул) се запознале во 2015 година за време на снимањето на "Мојот син" и од тогаш започнале и приватно, љубовна врска. Иако долго време негирале дека нешто се случуѕва меѓу нив, сепак се испоставило дека тука има нешто повеќе од само добри колеги.

 

Pijrazxvrskaa1

 

И од тогаш, Ајшеѓул и Појраз се неразделни. Папараците често знаат да ги фатат на нивните заеднички патувања, а моментално двајцата вљубени се на одмор, каде не можеа да избегаат од окото на фоторепортерите.

 

Pijrazxvrskaa2

 

Бурџин е инаку бивша сопруга на Мурат Јилдирим (познатиот Саваш), а пак Калели за себе ќе каже дека е рано за свадба и дека се уште се чувствува несериозно на тоа поле.

 

Pijrazxvrskaa3

 

Дани | ТВ Пакет

 

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012