54654

И ова дочекавме - Канал 5 со реприза на турска серија во ударен термин

 

Од вторник, реприза на веќе емитувана надсинхронизирана серија

 Dostae1

 

Oд вторник по централните вести, Канал 5 ќе ја репризира турската драма "Доста е", заменувајќи ја "Животот не е песна" чија последна епизода ќе биде прикажана во понеделник на 7 август на оваа фреквенција. "Доста е!" премиерно беше емитувана во 2016 година со само една сезона.

 

Dostae2

 

И додека гледачите на оваа серија ја очекуваа можеби втората сезона, Канал 5 најавува реприза од првата епизода и повторна средба со Ајлин и сопругот што ја малтретира. По програмската шема, репризните изданија ќе се прикажуваат од 18.50 до 21 часот.

 

 

Ова не е прв пат оваа телевизија да репризира турски серии во ударни термини. Пред неколку години, пред почеток на нова сезона, беше репризирана и "Притаени страсти", ланското лето и "Украден живот".

 

 Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012