54654

На Сител стартува нова романтична комедија, слична на Ергенот

 

"Hayatımın aşkı" - нова надсинхронизирана серија на Сител ТВ

 

Ljubovanamojot4

 

Од понеделник, Сител телевизија ви носи нова романтична комедија на малите екрани која ќе ве забавува и насмее во последните летни недели. Веднаш по "Мојот син", околу 20.50 часот од понеделник започнува "Љубовта на мојот живот". Во продолжение запознајте се со содржината :

 

Ljubovanamojot1

 

Содржина :
Ѓокче е млада урбана 30 годишна девојка, која стравува од еден проблем - дека е стара мома без дечко и дека ќе остане немажена. Нејзината постара сестра Нилуфер е веќе мажена и очекува дете. Другата сестра Сезен нема потешкотија да си наоѓа нови момчиња, а пак другарките на Ѓокче една по една стапнуваат на лудиот камен. Што да прави Ѓокче кога сите околу неа имаат некој во животот? Каде е љубовта на мојот живот - постојано ќе се прашува таа.

 

Ljubovanamojot2


Ѓокче е "затрескана" во нејзиниот згоден шеф Демир. Тој е сопственик на маркетинг агенцијата каде што работи Ѓокче, образован и богат ерген, сон на секоја жена во Истанбул. Но, проблемот е што тој не и обрнува внимание на Ѓокче, а таа несвесно запаѓа во смешни ситуации поради нејзината опседнатост со шефот. За да најде излез од ситуацијата, таа бара помош од Каан, нејзиниот најдобар пријател и сопственик на едно кафуле во населбата. Тој решава да и помогне на другарката да биде забележана од шефот, но она што никој не го знае е дека Каан има една тајна од минатото поврзана со семејството на Демир.

 

Ljubovanamojot3

 

Тој порано бил бунтовник од улиците кој имал врска со Дуру, сестрата на Демир, но родителите на Демир ги разделиле така што ја испратиле Дуру да студира во странство. И затоа сега Каан ќе ја искористи Ѓокче против Демир, но набрзо ќе сфати дека и самиот тој се вљубил во неа. И сега? Која е љубовта на нејзиниот живот? Каан или Демир? За кого ќе се одлучи "старата мома"? Особено хаотично станува и кога братот на Ѓокче ќе се врати од војска и ќе го пикне носот во нејзиниот љубовен живот.

Улоги : Hande Doğandemir (Ѓокче), Serkan Çayoğlu (Демир), Berk Hakman (Каан)

 

Дани | ТВ Пакет

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012