54654

По година ипол репризи, конечно нешто ново на Алфа - погледнете што

 

Време за нова индиска невеста на Алфа

 

Конечно, по година ипол константно емитување на репризи на серии и емисии, Алфа започнува со емитување на нешто премиерно. Се работи за нова индиска серија која ќе започне во септември.

 

Sarasindiksalafa1

 

И покрај тоа што се работи за индиска сапуница, сепак е за поздрав потегот на Алфа за емитување на премиерна содржина во својата програма. Имајќи во предвид дека претходната индиска серија "Отфрлена" на Алфа од почетокот до крајот имаше своја публика, веројатно е и дека новата серија ќе има своја гледачка публика.

 

Sarasindiksalafa2

 

Се работи за серијата "Saraswatichandra", снимена во 444 епизоди, односно 222 епизоди во траење од 45 минути. Приказната ги следи младите Сарас и Кумуд чиј брак го договараат нивните семејства. Индиската невеста Кумуд ќе мора да се навикне на новиот начин на живот откако ќе се всели во куќата на сопругот. И покрај тоа што несакајќи влегоа во брак, за набрзо и двајцата ќе сфатат дека се вљубуваат еден во друг.

 

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012