54654

Изненадување на Канал 5 - стартува светска бразилска новела

 

"Совршена" - приказна за модата и гламурот, сага за тајните игри и жалната исповед на девојките вовлечени во светот на проституцијата

 

Серија која доаѓа од продукцијата што ги создаде мегапопуларните "Клон" и "Нова земја". Новела која конечно ќе ја врати надежта кај фановите на латиноамериканските теленовели. ТВ проект кој ексклузивно и премиерно ни го носи Канал 5 на Балканот.

 

Sovrsena1

 

 Идеја која запрепасти милиони гледачи низ светот. Приказна со која сочувствуваа сите девојки излажани од лажниот сјај и ветувањата. Играна продукција која освои признание за најдобра теленовела во светот за 2016 година на ЕМИ наградите, следејќи го успехот на "Индија", "Рамо до рамо", "Авенија Бразил" и "Илузионист".

 

Sovrsena2

 

Од понеделник, 25 септември, на Канал 5 телевизија стартува "Совршена", бразилска новела од продукцијата на гигантот Глобо. Големо изненадување за публиката која сака и очекува нешто ново, големо освежување за гледачите кои израснаа со квалитетот од Бразил.

 

Sovrsena3

 

Поради еротските елементи во серијата, таа ќе се емитува во 23 часот, а веќе во првата епизода специјално учество ќе има ангелот на Викторија Сикрет - преубавата Алесандра Амбросио.

Очекувајте ја "Совршена" во понеделник, а пред самиот старт, ве информираме и за сижето. TВ Пакет со палец нагоре за овој потег на Канал 5 телевизија. Светски квалитет за љубителите на најдобрите драми.

 

Дани | ТВ Пакет

 

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012