54654

Канал 5 го враќа стариот термин на хит серијата „Украден живот“

 

18:50 часот е терминот за сплетките во замокот на Атаханови

 

Eдна од омилените турски сапуници "Украден живот" започна да се емитува на Канал 5 со последната, четврта сезона. До ТВ Пакет стигнаа реакции во врска со терминот на емитување (21 часот), реагираа и нашите форумџии, па за сите нив една добра вест - Канал 5 телевизија го менува терминот. Од понеделник, 25 септември, серијата ќе се емитува во добропознатиот стар термин од 18.50 часот.

 

1850ukraden

 

Во новите продолженија на новелата, дознајте дали Бахар ќе ја открие вистината за украдениот живот на нејзината ќерка? Дали Ефсун и нејзината злобна тетка Султан ќе спречат вистината да излезе на виделина или ќе останат немоќни пред љубовта која ја чувствуваат мајката и детето?

 

Ates2

 

Во вилата на Атаханови следуваат нови скандали и пресврти за сите кои живеат таму, а пак интригите на Кенан ќе доведат и до нови неочекувани трагедии. Од понеделник до петок, 18:50 часот, "Украден живот" е на Канал 5 ТВ.

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012