54654

Гледачите задоволни, Канал 5 ја продолжува вашата „Совршена“ серија

 

"Совршена" - oвој викенд со двојна доза на Канал 5

 

Бразилската серија, добитничка на ЕМИ за најдобра теленовела, минатата седмица започна со емитување на Канал 5 телевизија во 23 часот. Сагата за модата и гламурот, тајните игри и жалната исповед на девојките вовлечени во светот на проституцијата веројатно собра доволно фанови кои упатија пораки до нашиот портал за тоа што се случува со серијата која неколку дена ја нема на Канал 5.

 

Sovrsenapon6

 

И на Канал 5 веројатно им стана јасно дека гледачите ја бараат "Совршена" назад на малите екрани, па затоа решија да ја емитуваат викендов и тоа со по две епизоди и во сабота и во недела во 21.30 часот. Од понеделник, серијата продолжува во стандардниот термин од 23 часот.

 

Sovrsena1

 

"Совршена" е идеја која запрепасти милиони гледачи низ светот. Приказна со која сочувствуваа сите девојки излажани од лажниот сјај и ветувањата. ТВ проект кој беше признаен и награден од критиката. Играна серија која отсликува една животна приказна која може секому да му се случи. Драма, сензуалност, еротика и многу пресврти не очекуваат во бразилскиот и светски хит - "Совршена".

 

 

Уживајте во вашата "Совршена" !

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012