54654

Видео | Актерот од мексиканските новели му удри шлаканица на новинар

 

Ѕвездата на "Destiliando amor" и "Fuego en la sangre" со шамар пред камера

 

Мексиканскиот актер Едуардо Јањез доби тужба од страна на еден новинар. Имено, ѕвездата на теленовелите "Опиени од љубов" и "Врела крв", одамна емитувани на Сител, не можеше да се контролира при едно интервју и му удри шлаканица на новинарот на црвениот тепих во Холивуд.

 

Eduardosamar12

 

Прашањето на новинарот Пако Фуентес се однесувало на синот на Јањез, кој собирал финансиски средства на интернет за да си го поправи автомобилот по една сообраќајка. Едуардо не сакал да се зборува за неговиот однос со синот пред телевизиски камери, затоа што неговиот син е често поврзуван со дрога, силување, криминал.

 

Eduardosamar122

 

На оваа провокација и прашање, актерот не можел да се соземе, па затоа почнал со пцовки кон новинарот, за на крај да му удри и шлаканица.

 

 

Во секој случај, актерот можел слободно да го одбегне прашањето или да одговори културно, но тој се одлучил за бандитско и насилно однесување пред камери. Затоа и си ја заслужил тужбата.

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012