54654

Знае ли Телма дека емитувала „евтини серии без никаков квалитет“?

 

Телма со "хејт" кон сериите кои самата ги емитуваше

 

Телевизија Телма со контроверзен прилог за сапуниците кои се емитуваат на конкурентните телевизии. Имено, тема на една од информативните емисии на оваа телевизија беше - какви серии се емитуваа во Македонија и какво влијание имале тие?

Уште на почетокот на прилогот, новинарот јасно нагласува дека во Македонија се емитувале турски, индиски и шпански серии кои се евтини и без никаков квалитет. Јасен е ставот и на новинарот, и на телевизијата во која е вработен - негативна критика на сите сапуници кои се прикажуваат во нашата земја. Но, она што очигледно Телма не го потенцираше се неколку работи.

 

Teranosttelma1

 

Прво, во времето на емитување на таканаречените шпански серии, истите доживуваа најголема гледаност на македонските телевизии, па затоа и истите беа емитувани во ударни термини (Касандра, Росалинда, Есмералда, Дивиот ангел, Клон, Злобница...). Кога мерачите на гледаност покажаа нивен пад, телевизиите како А1 и Сител ги тргнаа постепено од нивните програмски шеми. Потоа дојдоа турските серии кои до ден денес имаат вртоглави рејтинзи и се омилена телевизиска програма на македонските гледачи, судејќи по тие бројки.

 

Teranosttelma3

 

Второ, истите тие серии за кои Телма вели дека се евтини, се неверојатно скапи како производ. Информациите за високите цени на сапуниците, особено на оние кои доаѓаат од Турција, уште одамна ја потврдија и балканските медиуми - епизода од турска серија чини од 5 илјади до 150 илјади долари. Истите на големо се емитуваат скоро секаде во светот, па дури и во земјите од Латинска Америка.

Трето и особено битно е контрадикторноста на ТВ Телма. "Нискобуџетните шпански серии без никаков квалитет" беа дел и од нивните програмски шеми.

Teranosttelma2

Првата бразилска теленовела "Нова земја" ја емитуваше токму оваа национална телевизија и благодарение на успехот што го доживеа, нејзиниот пример го следеа и другите тв куќи во откуп на серии од Бразил. По таа серија, следеше уште една бразилска, "Страст и копнеж" емитувана во прајмтајм на Телма. Во прајмтајм беа емитувани и шпанските сапуници "Тајната на стариот мост" и "Бандолера", а пред две години Телма ги емитуваше и романската новела "Аниела" и латиноамериканската новела "Измамничка".

 

 

Според нивните прилози и тврдења, и самите тие емитувале евтина, нискобуџетна и без никаков квалитет, програма.

 

 | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012