54654

Најновата хрватска серија „Чиста љубов“ доаѓа на Сител телевизија

 

Од продукцијата на "Златни двори" доаѓа нова серија

 

Сител телевизија овој месец започнува со емитување на најновата хрватска теленовела "Чиста љубов", снимена од хрватската телевизија Нова, која неодамна започна да се емитува во земјите од бивша Југославија.

 

Cistaljubov5

 

Се работи за семејна драма која на извонредно возбудлив начин навлегува и во аномалиите на општеството. Сепак, главната приказна се одвива околу самохраниот татко Томо, чија петгодишна ќерка секојдневно го чека враќањето на својата мајка, која пак безчувствиетелно го има оставено своето семејство. Томо, кој пак и самиот е израснат без родителска грижа, поради погибијата на неговите татко и мајка, единствената потпора ја има во ликот на својата сестра, со која заедно биле во домот за деца без родители.

 

Cistaljubov1

 

Од таму го има познанството со Ранко, негов врсник , кој уште како бебе бил оставен пред вратата на домот за деца без родители. Ранко целото свое детство, но и подоцна како возрасен, во ликот на Томо, гледа ривал, бидејќи во време на домските денови Томо постојано бил посетуван од најбогатата жена во крајот,госпоѓата Едита. Мистеријата за тие посети ја знае само сестрата Бранка, која била малку повозрасна од Томо и ја знаела врската помеѓу таткото и Едита, која според нејзе е и еднинствената виновничка што таа и нејзиниот брат остануваат сирачиња.

 

Cistaljubov6

 

Ќерката на Томо, малечката Маша, боледува од астма и таа нејзина болест бара постојана грижа , која таа несебично ја добива од својот татко. Томо воедно се запознава и со Соња, за која не знае дека е идна вереничка на Ранко, а која уште со првата средба во која таа ќе покаже несебична грижа за ќерката на Томо, ќе го освои неговото срце.

 

Cistaljubov3

 

Серија која плени со својата приказна, техничката поставеност, врвната актерска екипа, како и музиката, во кој дел насловната песна ја напиша и испеа Борис Новковиќ.

 

Cistaljubov4

 

Иван Херцег, ѕвездата од "Изборот на Лара" и "Долина на сонцето" се јавува повторно и тука како главен протагонист, во улогата на Томо. Неговата партнерка во серијата е младата актерка Тара Росандиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

 

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012