54654

Хурем Султан се враќа на Канал 5 во новата турска серија „Мајка“

 

Приказна за животот на една мајка под ропството на традицијата

 

По завршување на серијата "Елиф", Канал 5 телевизија од среда (15 ноември) започнува со емитување на нова турска драма во која повторно ќе се дружиме со Хурем Султан и Ајшен. "Мајка" е трагична приказна за една жена и мајка, чија љубов кон своите чеда ќе стане посилна од сè останато на освој свет. Приказната за Џенет ќе ги насолзи очите на сите мајки и ќе ги потресе душите на сите жени.

 

Majkakanal51

 

Уште како млада, присилно е омажена за Џемал, станувајќи негова втора жена. Во новиот дом, нејзиниот живот станува мизерен затоа што првата жена на Џемал, Ханим не може да има свои деца и затоа започнува со ковање на злобни планови и сплетки против Џенет. Џенет раѓа машко дете, но уште по породувањето, Ханим го краде и го претставува како свое дете. Така Јемин расте во куќата, не знаејќи дека е син на Џенет. Подоцна, Џенет раѓа уште три деца, три преубави ќерки - Зумрут, Кираз и Ѓунеш. Поминуваат години, и најстарата ќерка Зумрут е на прагот да ја доживее истата судбина како нејзината мајка.

 

Majkakanal52

 

Џемал сака да ја омажи Зумрут за злобниот ага Фајсал, во замена за еден долг. Џенет не може повеќе да ги истрпи строгите правила на традицијата, се побунува против закоравените обичаи и решава заедно со трите ќерки да побегне од сè, да побегне од големиот конак, да побегне од сопругот и целото зло кое ја опкружува.

 

Majkakanal53


Но, Џемал не може да помири со бегството на Џенет и наредува да се најде жената по секоја цена. Бегството на мајката со своите ќерки ќе донесе низа драматични моменти, но желбата да се биде слободен ќе ги надмине сите пречки на нивниот пат. Судбината ги донесе во Истанбул во куќата на богатиот Јилмаз, каде започнуваат сосема нов живот. Но, сенките од минатото нема да може да ги остават на мира ниту мајката, а ниту нејзините деца.

 

Majkakanal54


Улоги : Vahide Perçin, Talat Bulut, Tilbe Saran, Engin Benli, Cansu Tosun, Ali Erkazan, Arzu Gamze Kılınç

 

Дани | ТВ Пакет

Zj 300x250 Min

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012