54654

Појраз разочаран - тимот на серијата го одбегна за играното продолжение

 

Продуцентите ги бојкотираа, Појраз и Ајшеѓул не се дел од филмот за „Мојот син“ 

 

Поради успехот што го доживеа турската мафијашка драма "Мојот син", продуцентите решија оваа сезона да снимат игран филм како продолжение на серијата.

 

Igranmojotsin1

 

Она што ги зачуди гледачите и фановите на серијата е што во играното продолжение ги нема главните актери, Илкер Калели алијас Појраз и Бурџин Терзиоглу алијас Ајшеѓул. На една прес конференција во турски универзитет, Појраз објасни за неговото отсуство од филмот :

- Не ни знаевме дека се планира да се снима таков филм. Никој не ни кажа, никој не нѐ праша што размислуваме околу тоа. Јас и Бурџун, односно Ајшеѓул, имавме недоразбирања со целиот тим уште за време на снимањата на серијата "Мојот син". Многу лоши работи ни беа кажувани уште тогаш, но никогаш не излеговме во јавност да објавиме или набедиме некого, само поради фактот што бевме дел од таа серија и сакавме да ги испочитуваме гледачите.

 

Igranmojotsin2

 

Не сакавме гледачите и фановите да се заморуваат со проблемите кои ги имаме со продуцентите. Затоа и молчевме, ја почитувавме професионалноста, принципите на работата. Но, за едни такви луѓе кои не гледаат друго освен пари, не знам што би кажал. Со едно вакво непочитување кон нас, ми се урнува целата слика за мојот лик Појраз. Вложив премногу во тој херој, но продуцентите успеаа да го убијат тоа во мене - објаснува актерот.

 

Дани | ТВ Пакет

 

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012