54654

Сексапилниот Алекс од „Совршена“ го претстави новиот Мустанг

 

Бразилскиот хит е на чекор до големото финале

 

41-годишниот бразилски актер Родриго Ломбарди благодарение на својата улога во серијата "Совршена" успеа да ги привлече воздишките на македонските гледачки кои секоја ноќ уживаат во неговиот секси поглед, стајлинг и тело.

 

Rodrigoford1

 

Родриго Ломбарди го толкува ликот на Алекс, богат бизнисмен кој не се грижи за децата од првиот брак и животот го минува со алкохол и проститутки. Неговата опседнатост со тинејџерката Енџел ќе ги премине сите граници, и ќе наиде на осуда од страна на гледачите.

 

Rodrigoford7

 

Богат, привлечен и опасен заводник во серијата, а скромен и грижлив татко и сопруг во приватниот живот. Неговата сопруга Бети вели дека воопшто не била љубоморна на еротските сцени кои нејзиниот сопруг ги има во серијата, затоа што знае дека он е целосно професионалец и дека тоа е една од најважните улоги во неговата дваесетгодишна кариера.

 

Rodrigoford6

 

ТВ новелата "Совршена", добитничка на престижната награда ЕМИ за најдобра теленовела во светот за 2016 година, се ближи кон својот крај, а драматичните, возбудливи и опасни случувања навестуваат крај каков што не ни може да замислите.

 

Rodrigoford3

 

Приказна за модата и гламурот, сага за тајните игри и жалната исповед на девојките вовлечени во светот на проституцијата и дрогата. Многумина ќе се согласат - недостасуваше ваков проект на македонските телевизии кои ќе ги сруши сите табуа. Фановите во светот, па и кај нас, особено се оддушевени од главните актери, а жените сонуваат за еден секси бизнисмен како што е Алекс.

 

Rodrigoford4

 

Актерот што го толкува ликот на Алекс инаку претходно го следевме во "Индија" и "Илузионист", но очигледно е дека улогата во "Совршена" е неговата животна улога.

 

Rodrigoford2

 

Ломбарди е инаку избран за заштитно лице на Форд за Бразил. На гала церемонијата одржана во Сао Паоло пред два дена, тој го промовираше новиот Мустанг 2018, кој на пазарот ќе се најде следната година.

 

Rodrigoford5

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012