54654

Ергенот признава : Девојките ја бакнуваа клупата на која што седев

 

Омер : Израснав во средина каде е срамота да се зборува за секс

 

Ergenklupa1

 

Од понеделник до петок на Сител телевизија во 19.50 часот ги следите последните епизоди од хит комедијата "Вљубениот ерген". Најпопуларната телевизиска програма за оваа година, Ергенот успеа да ги освои буквално сите припаднички на понежниот пол во земјава, благодарение на неодоливата насмевка и згодното тело, кое го промовира и во серијата, играјќи кошарка или пливајќи во базенот.

 

Ergenklupa2

 

На прашањето во турските медиуми - дали тој во приватноста би го направил истото што го направи Дефне во серијата, односно дали за пари ќе глуми вљубеност, тој одговори :

 

Ergenklupa3

 

"Не би можел да глумам никако. Јас сум свесен и совесен, а кога би направил такво нешто, не би се чувствувал пријатно заради другата личност".

 

Ergenklupa4

 

Бариш Ардуч е моментално еден од најпопуларните актерски имиња во Турција, кој поради улогата на Омер, стекна невидена слава и во сите останати земји во регионот. Жените го сакаат и посакуваат, а за тоа ќе каже дека е свесен, но дека не може за себе да каже дека е секси и да се восхитува од сопственото тело.

 

Ergenklupa5

 

Ја има добиено титулата за најубав и најсексапилен маж во Турција, за што и веќе објавивме, но овојпат откриваме дали Бариш бил посакуван и за време на тинејџерските денови.

- "Па, да... бев омилен и за време на школувањето, но никогаш од тоа не сакав да имам некаква корист или да се вообразам, како ни сега кога ме прогласија за Маж на годината во Турција...

 

Ergenklupa6

 

...Тоа е само околност која може само дополнително да го мотивира човека. Сексипилноста и сексуалноста се неизоставен дел од секој човек, но јас израснав во средина каде е срамота да се зборува за тоа. Затоа и веројатно, не зборувам отворено на такви теми. Мислам дека не е убаво да се зборува за интимен живот на некого. Интимниот живот е приватна работа на секоја личност. Но, ајде да откријам еден детал кој неодамна го дознав...

 

Ergenklupa7

 

...На сетот каде што снимаме, девојките фанови ја бакнувале клупата на која седам. Ибаво е да се има фанови, но ваква реакција е веќе застрашувачка. Не сакам девојките да се опседнуваат со моето тело." - додава Бариш.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012