54654

Вечерва се збогуваме со „Совршена“, серијата што ги сруши сите табуа

 

Како ќе заврши несреќната љубов на Енџел и Алекс?

 

Добитничка на ЕМИ за најдобра теленовела во светот за 2016 година. Македонија ја имаше ексклузивната можност да биде дел од привилегираните кои ја добија и погледнаа бразилската теленовела "Совршена". Со самиот почеток на Канал 5 телевизија, серијата собра голем број на фанови кои беа желни за нешто ново, квалитетно и сосема поразлично од сите сапуници кои се емитуваат на македонските телевизии.

 

Sovrsenapon3

 

Македонија уживаше во 50-те епизоди од "Совршена". 50 епизоди полни со возбуда, драма, сензуалност и гламур. Идеја која запрепасти милиони гледачи низ светот. ТВ проект кој ги сруши сите табуа и ја собори критиката. Играна серија во која подеднакво уживаа и помладите и постарите, и мажите и жените, и вљубените и разочараните. Приказна за модата и гламурот, сага за тајните игри и жалната исповед на девојките вовлечени во светот на проституцијата и дрогата.

 

Sovrsenakraj1%201

 

На неверојатно суптилен и емотивен начин беа прикажани приказни за девојките разочарани од лажниот сјај и ветувањата, приказни за момците чија амбиција е слепа, приказна за жените кои "паѓаат" на зборови и дела, приказна за отфрлените, поинаквите, слободните.

И токму денес, 6 декември доаѓа моментот кога треба да се збогуваме со нашата "Совршена". 23 часот и 30 минути е големото финале на сторијата за Енџел. Вчерашната епизода ја достигна кулминацијата во дејството, ставајќи се крај на големата афера што ги промени животите на сите ликови.

 

Sovrsenakraj1%202

 

Но, каков крај ги очекува ликовите вечерва? Ќе може ли таа самата да си го прости гревот што го направи? Ќе може ли гледачите да простат за едно такво неверство? Дали страста е порок како алкохолот и дрогата? Дали може да се заборави некого во име на трагедијата што се случи пред нивните очи? Не пропуштајте... шокантното финале на "Совршена", вечерва на Канал 5.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min Min

300x300 Min

DZ2017 300x300 Banner

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012