54654

Видео | Вечерва на Канал 5 е шокантното финале на „Украден живот“

 

За кого започнува, а за кого завршува животот ?

 

Вечерва, 13 декември, на Канал 5 телевизија точно во 19:45 часот ќе се емитува последната епизода од турската хит серија "Украден живот". Серијата која трета телевизиска сезона се емитува на Канал 5 телевизија, стана една од омилените телевизиски содржини за љубителите на сапунските серии. Многу драма, хумор, забава, но и солзи ве пратеа три години со јунаците од вашата "Украден живот".

 

Rsz 1krajnaefsun1

 

И сега... доаѓа време да се збогуваме со омилените Ефсун, Бахар, Атеш, Арда, Хулија. Финале кое буквално ќе ги запрепасти сите гледачи на новелата, финале кое ќе остане засекогаш запаметено кај оние што со задоволство ја следеа сагата за семејството Атахан.

Крајот на драмата ќе донесе разврска каква што никој не ни може да замисли. Во моментот кога сѐ се чини готово, токму во тој момент кога среќата е на прагот на сите ваши омилени ликови... еден истрел и една трагедија ќе го смени текот на разврската.

 

Rsz Krajnaefsun2

 

Вечерва, големото финале на "Украден живот". 19.45 часот е време за збогување со турската хит серија која ги спои среќата и тагата, ги разнежни вашите души, ги насмеа вашите лица и ги освои вашите срца.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

1 300

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012