54654

Бразилската романтична комедија ќе се емитува во 14 часот на Канал 5

 

Од понеделник до петок во 14 часот

 

Нова модерна бајка која доаѓа од земјата на најпознатиот карневал, најпесочните плажи и најразиграните самба девојки. "Вистинска ѕвезда" е нова ТВ новела која се снимаше во Бразил, Австралија и Уругвај. Мода, интриги и многу романтика ве очекуваат секој работен ден во 14 часот на Канал 5.

 

Totalmentediva4

 

Изненадување на Канал 5 телевизија. По "Совршена" која собра голем број на фанови и во Македонија, оваа телевизија ни носи уште една урбана и интересна приказна од бразилскиот гигант Глобо. Шармантна романтична комедија која беше номинирана за најдобра теленовела во светот на престижните награди ЕМИ и која во Бразил  ја погледнаа над 30 милиони гледачи. Последната епизода во матичната земја ја погледнале 41 процент од населението и со тоа станува најгледaна бразилска ТВ новела во оваа деценија.

 

Totalmentediva3

 

Ако со нетрпение и возбуда ја следевте секоја епизода од "Совршена", тогаш од "Вистинската ѕвезда" нема да сакате да пропуштите буквално ни миг. Сочувствувавме и ја осудувавме Енџел од "Совршена", но новата манекенка ни носи сосема поинакво расположение - таа е весела, позитивна и енергична.

Во премиерата се запознавме со Елиза, млада и сиромашна девојка, која живее со својата мајка Гилда, очувот алкохоличар Дино и нивните две деца. Таа не си го познава својот биолошки татко, и секогаш слушала приказни од мајка си дека тој е камионџија кој времето го минувал по патишта.

 

Totalmentediva2

 

Желбата на Елиза е да се спаси себеси, но и своето семејство од една таква тешка финансиска ситуација во која се наоѓаат, но... нејзиниот живот почнува да станува пекол поради очувот кој многу лошо се однесува кон неа. За да избега од својот очув кој постојано ја прогонува, таа ќе побегне сама во Рио де Женеиро. Во следните епизоди од емитување на серијата, ја пратиме нејзината авантура во големиот град.

 

Totalmentediva5

 

Од друга страна во Рио се запознавме со неколку богати и откачени ликови. Артуро е сопственик на агенцијата за манекенки, кој има афери со своите модели. Тој мораше да замине во Австралија за да си обезбеди успешен договор за своите манекенки. Во Австралија заминува со амбициозната Каролина која е директорка на модното списание "Totally Diva".

 

 Totalmentediva1

 

Но, како судбината ќе ја спои Елиза со овие богати луѓе? Во големиот град, таа ќе сфати дека принцови и самовили не постојат, но и дека новите почетоци не се воопшто лесни. Сепак, во животот вреди да се проба. За да го спаси семејството од сиромаштија, таа ќе стане вистинска ѕвезда, но ќе мора да ја плати и цената на славата.

Следете "Вистинска ѕвезда", од понеделник до петок, ексклузивно на Канал 5 телевизија.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012