54654

Аси заработила 35.000 евра по епизода за новата серија „Пари и љубов“

 

Прочитајте повеќе за Елиф од хит серијата "Пари и љубов"

 

35-годишната Туба Бујукуштун е една од најпознатите турски глумици, но по најновите податоци, очигледно и најплатена. Актерката која ја запознавме по главните улоги во хит сериите "Аси", "Под сенката на врбите" и "Дамата со марама" за следната нејзина улога во серијата "20 минути" заработила по 12 илјади евра по епизода.

 

Tubanajplatena1

 

Сепак, пред неа сѐ уште биле Берѓузар Корел (Шехерезад), Мејрем Узерли (Хурем), Нургул Јеличеј (Ѓулсерен) и Берен Сат (Фатмаѓул) во однос на заработувачка. Но, со самото започнување на снимањето на "Пари и љубов", актерката Туба си побарала и повисок хонорар. Па така со оваа серија, актерката станува најплатена турска актерка која заработувала и по 35 илјади евра по епизода од "Пари и љубов".

 

Tubanajplatena6

 

Продуцентите на ТВ серијата се согласиле на толку висока сума затоа што сметале дека со ѕвезди како Туба и Енгин, кои во серијата ги толкуваат улогите на Елиф и Омер, ќе заработат многу со гледаност во матичната земја и продажба во странство. Тоа и се случило, серијата станува една од најскапо продаваните турски серии во светот, а гледачите во Македонија имаат можност од неодамна да ја следат на фреквенцијата на Канал 5.

 

Tubanajplatena2

 

Еден од условите за учество како протагонстка на новелата било и Туба да работи најмногу девет часа дневно, а два дена во неделата да бидат слободни за неа, како би се посветила на своите мали близначиња - девојчињата Маја и Топрак.

 

Tubanajplatena3

 

- Влегов во целата екипа малку подоцна. Мојот драг колега Енгин веќе почнал со снимање на сцените со Омер, но за брзо се вклопив во целата екипа и приказна. "Пари и љубов" е една фасцинантна и комплицирана љубовна приказна, чие сценарио го читав и проучував неколку месеци. Тоа не е традиционална и едноставна серија како Врбите, Аси или Дамата. Ова е нешто сосема поинаку. Во оваа новела се вкрстуваат љубовта и трилерот, семејството и мистериите. Затоа е толку поразлична од тоа што го имам снимено. - објаснува актерката за нејзината улога во "Пари и љубов".

 

Tubanajplatena4

 

На прашањето - како ја доживува Елиф и што мисли за неа, Туба ќе каже :

- "Елиф е главната хероина. Урбана и еманципирана девојка која е миленичка на својот татко. Нејзиното семејство е гордо на неа, и токму Елиф е таа која држи баланс меѓу сите во семејството, меѓу мајката и сестрите. Но, реалноста е сосема поинаква од соништата на Елиф. Таа за кратко време ќе сфати дека луѓето често имаат маски зад кои ги кријат сите злодела и болни мисли."

 

Tubanajplatena5

 

"Ќе биде интересно за гледачите кога ќе почнат да откриваат кој сѐ е вмешан во таа напната потрага по убијците на таткото на Елиф, и токму таа потрага е она што ја прави серијата единствена. Со "Пари и љубов", научив дека можеш да веруваш секому сѐ додека првиот не те излаже. Следете ја и љубовната приказна на Елиф и Омер која на сосема неочекуван начин ќе почне да се развива во текот на епизодите"

 

Tubanajplatena7

 

"Како што ќе кажат сценаристите, со текот на времето, магијата на љубовта не расте, туку само сродните души како Елиф и Омер ќе се пронајдат еден во друг и на тој начин ќе станат легенди." - додава актерката.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012