54654

Дилара од „Парампарче“ е мажена со актер со македонско потекло

   

(Интервју) За улогата на Дилара, за сопругот, за мечтите, за професијата ...     

    

 Ebruozkan1

 

Ебру Озкан е 39 годишна турска актерка, која имваме можност да ја запознаеме во една од првите турски драми "Имотот на дамата", емитувана одамна на А1 телевизија. Потоа ја забележавме и во не толку познатата "Мајки и ќерки", а сега ја гледаме во главната женска улога во хит серијата "Парампарче".

 

Ebruozkan2

 

Таа е ќерка на турски претприемач, има две постари сестри и еден постар брат кои си заминале од дома додека таа била мала. Таа шест години живеела со мајка си и татко си во мал град. Детството го поминала осамено и сакала да биде земјоделец, но љубовта кон актерството ја натерале да се запише на факултет во Анкара.

 

Ebruozkan3

 

Меѓу првите успешни улоги е улогата во театарската претстава "Ромео и Јулија", а популарност во матичната земја стекнала со улогата на злобната и доминантна Халиде, сопственичката на чифликот во "Имотот на дамата".

 

Ebruozkan5


Ебру имала неколку врски со свои колеги – актери, а оној со кој е во брак од јуни 2016 година е Ертан Шабан – македонски Турчин кој е роден во Скопје и ја гради својата кариера во Истанбул, а познат ни е од "Збогум Румелија".

 

Ebruozkan12

 

Во продолжение да го проследиме интервјуто во кое Ебру зборува за својот приватен живот и за својата улога како Дилара во "Парампарче" :

 За почеток, со што имате проблем во вашиот живот?

Имам проблем со неправдата, со промените во ставовите на луѓето поради конкуренцијата, подлижувањето и со тоа што луѓето понекогаш намерно пробуваат да си наштетат едни на други. Се уморив и тие напори ме излудуваат. Исто така проблем ми претставуваат медиумите кои постојано ме набљудуваат. Накратко се што ми го одзема мирот и спокојот за мене претставува проблем.

 А политиката?

Баш како што и реков погоре.

 

Ebruozkan7

 

Добро, а што чувствувате поради цензурата и притисокот кои сосебе ги носи глумата?

Не можам да ја пронајдам вистината, не разбирам и зошто се некои работи во животот забранети. Јадеме, се заљубуваме, раѓаме и умираме..... Ако во вистинскиот живот не доживеете љубов, ако на екранот не се држите за раце или не се бакнувате, или во сцена во која изгледате пијано не пиете, се губи допирот со реалноста.

 Дали некогаш сте примениле автоцензура?

Секогаш се однесувам во склад со она што го сметам за вистина и не ме интересира што ќе кажат другите за тоа.

Во каков период од животот сте сега?

Во убав период сум, уживам во се, немам големи желби и амбиции па затоа и не доживувам розачарување. Во џебот некогаш имам помалку, некогаш повеќе и од тоа нешто учам, стекнувам искуство.

 

Ebruozkan6

 

Дали две личности кои се занимаваат со иста професија се досадни една на друга како што сте Вие и сопругот?

Не, напротив, тие се потхрануваат една со друга. Ја работите истата работа, ги делите истите грижи, тоа се работи кои ги зближуваат луѓето.

Дали постои нешто што никогаш не би сте го направиле да сте на местото на Дилара?

Всушност Дилара е во право.

 

Ebruozkan8

 

Како? Луѓето ја гледаат како еден од многуте негативци кои се појавени на малите екрани во последно време?

Јас мислам дека Дилара е во право. Таа со својот свет и својот карактер го одржува она што го има научено од животот.

Изгледа дека многу сте се соживеале со улогата на Дилара?

Не, Дилара се бори за она во што таа верува, го штити своето живеалиште, семејството, децата. Затоа толку се уморува и ги заморува другите, за неа тоа е исправно и верува дека постапува исправно.

 

Ebruozkan4

 

 Не заборавајте дека на сила сака да го задржи сопругот кој не сака да биде со неа...

Да, но венчани се и имаат две деца, значи своевремено биле заљубени, имале допирни точки. Дилара е жена која не може да прифати пораз, не сака да изгуби под никоја околност. На бракот гледа како на работа, но секако чувствата не делуваат по таа логика. Проследете ги епизодите на оваа серија до крај и ќе ви стане јасно што зборувам. Дилата е борец, а на крајот, борците се тие што победуваат и што ја пишуваат историјата.

Дали би му се приближиле на маж кој не ве сака?

Јас не можам да бидам таква жена, тоа е невозможно. Оној кој сака да оди, нека оди.... Нека биде среќен, за да и јас бидам среќна.

Како делуваше овој лик на вашиот став спрема бракот?

Ми се допаѓа концептот на семејството, многу е важно семејството да се држи заедно и да бидат животни партнери едни на други. Во своето опкружување имам многу пријатели кои се венчани, па разведени. Мислам дека треба уште малку да се потрудат да го поднесат присуството на друга личност.

 

Ebruozkan9

 

Дилара се наоѓа помеѓу својата биолошка ќерка и онаа која со години ја одгледувала како таква. Што мислите вие, дали е мајка таа што родила или онаа што го одгледала детето?

Тоа зависи од околностите, но мислам дека вистинска мајка е таа што го одгледала детето.

Што ако вашето дете е заменето?

И јас многу размислував за тоа, со години да одгледував туѓо дете и јас би умрела од омраза. Хаха. Сепак, "Парампарче" е само серија. Во реалноста не верувам дека се случуваат такви медицински грешки.

 

Ebruozkan10

 

Да сте вие на нивно место, кое дете би го избрале вие?

 Тука не доаѓа во обзир нашиот избор, треба да биде најдобар избор за децата, посебно оној кој е во склад со нивната психолошка состојба. Но, ова е став на Ебру Озкан, ако ова се гледа од агол на Дилара, таа нема да бира туку ќе ги земи и двете. Многу е тешко да се живее како Дилара, тоа е болест, таа поседува неверојатно ниво на опсесија. Тоа ја спречува да биде среќна и спокојна.

 

Ebruozkan11

 

 Вие не сте мајка, а серијата се темели на мајчинство. Дали ви беше тешко да ја спремите улогата?

Жена сум, со тоа имам инстинкт во себе, пуштам срцето да ме води.

Дали би сакале да имате дете?

Да, секако дека би сакала да имам дете, јас ги сакам децата.

 

| ТВ Пакет

 

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012