54654

Премиерните епизоди на „Вистинска ѕвезда“ од сега во 13 часот на Канал 5

 

Серијата на Глобо добива нов термин на Канал 5

 

Љубителите на латиноамериканската квалитетна продукција со задоволство ја следат најновата бразилска ТВ новела на програмата на Канал 5 телевизија. "Вистинска ѕвезда" е името на серијата во која интересната приказна, специфичните ликови и откачениот хумор ги забавуваат гледачите секој работен ден.

 

Vistinskaodivo13

 

Од утре, наместо во 14 часот, премиерните епизоди од серијата ќе се емитуваат во 13 часот на Канал 5, а репризите некаде пред полноќ. Приказната на Елиза во големиот град се заплеткува уште повеќе. Живееше на улица и продаваше цвеќе со пријателот Жонатас, но ја пронајде модниот агент Артуро кој по секоја цена реши да ја направи "вистинска ѕвезда".

 

 

Ќе успее ли Елиза да победи на натпреварот што претстои? Какви сплетки престојат за нашата хероина на патот до славата? Не пропуштајте ја приказната за новата манекенка и сите ликови вклучени во модниот бизнис од утре од 13 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012