54654

Негативката од „Парампарче“: Копнеам за семејство, дом, деца

 

Љубовта за неа стана робија: „Луѓето се наметливи, немаат веќе почитување“

 

Драматична убавина, елеганција и интелегенција.... Таа е жена која понекогаш се затвора во себе и бара богатство во едноставноста. Мине Тугај е 39 годишнатурска  актерка која имавме можност да ја запознаеме во сериите Една силна жена, Ѓулпаре, Од мене татко не бидува, Капали чаршија, Бурни времиња, а моментално ја гледаме во последната сезона на мегахитот Парампарче.

 

Asumanparam1

 

Во продолжение, актерката зборува за работата, приватноста, мечтите, ставовите ...

Ги следите ли вашите серии на телевизија?

Мене не ми останува многу време за гледање телевизија, но понекогаш гледам на интернет за да бидам во тек со настаните. Секако, не постои правило кое вели дека актерите требаат да ги гледаат сериите.

 

Asumanparam8

 

Која улога ви била најдрага и зошто?

Се уште не сум играла улога која не ми се допаѓа и се надевам дека нема да добијам таква улога. Најмногу ме забавуваше улогата како Бахар во серијата "Бурни времиња". Секоја недела нестрпливо го очекував сценариото затоа што таа не беше стабилен лик, секогаш морав да учам нови работи за нејзе.

На што денеска најмногу се чудите или што воопшто не може да ве зачуди?

Ме чуди нашата заборавеност и тоа дека се многу лесно прифаќаме. Едноставно се помируваме со нештата.

 

Asumanparam2

 

Дали актерите треба да бидат натпреварувачки расположени едни спрема други? Можат ли така да остварат напредок?

Мислам дека не требаат да бидат натпреварувачки расположени. Тоа е толку исцрпувачки и не пружа никаков напредок, ни во работа, ни во животот... Ако конкурентноста е чувство кое не може да се воздржи, тогаш човекот треба да го победи во себе или да пронајде некое друго место во кое тоа чувство може да се трансформира во нешто поздраво, но не треба да се заборави: за да можеме да го совладаме, потребен е натпреварувачки дух и амбиција.

Дали е поважна приврзаноста кон кариерата или љубовта?

За мене и двете се подеднакво важни.

 

Asumanparam3

 

Дали сте тип кој повеќе сака уметничка галерија, кино или книги?

Јас сум повеќе визуелен тип, и мислам дека уметничка галерија ќе биде најприкладниот избор.

Постојат ли филмови или серии кои ги гледате или книги кои ги читате кога не би требале, но ви пружаат задоволство?

Секако дека постојат, понекогаш се опуштам гледајќи романтични филмови. Помекогаш гледам хорор филмови, иако заради нив се чувствувам лошо. Што се однесува на книгите, многу сум чувствителна.

 

Asumanparam4

 

Дали некогаш сте посакале да застанете зад камерата и да режирате или да пишувате сценарио?

Не, но еден ден би сакала да режирам театарска претстава.

Која е разликата помеѓу старата и новата Мине? Што се промени? Вие сте сега....

Личност која има многу повеќе разбирање...Некогаш бев агресивна, мислам дека успеав да ја исфрлам таа лоша страна, станав многу помирна. Чувствителна сум и тоа е особина која не се промени со годините.

 

Asumanparam5

 

Постои ли нешто што сеуште не сте го оствариле во животот, а би сакале?

Има неколку земји кои би сакала, но сеуште не сум ги посетила. Дури сеуште си мислам дека некое време би можела да живеам во друга земја.. ме води духот кој сеуште сака некаде да оди. Нема смисла да се живее на исто место.

Три работи за кои копнеете?

Љубов, семејство, деца.

Кога сакате да го поедноставите вашиот живот, од каде обично почнувате?

Од глава...Особено од начинот на кои ми функционираат мислите.

 

Asumanparam6

 

Што според вас е најголемиот адут кај една жена?

Да не го градат своето постоење на основа на полот.

На што мажите треба да обрнат внимание кај жените?

На нежната осетливост, на ранливоста и дека работите можат да се гледаат од друг агол.  И најважно, на кроткоста.

Која женска особина во вас предизвикува најмногу восхит?

Спремноста за простување...

 

Asumanparam7

 

Што најмногу сакавте да гледате кога бевте млада?

Му се восхитував на Ексл Роуз. И многу сакав да го гледам Ларс Улрич како свири на тапани.

Кои се недостатоците на денешните врски?

Губитокот на почит и наметнување на сопствените очекувања без оставање на простор другите да се изразат. Можеби ова е поопштување, но би рекла дека дека тука е и воздржаноста што се однесува на грижата за другите.

 

 | ТВ Пакет

 

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012