54654

Џихан од „Парампарче“ : Погрешив за Ѓулсерен, бев глупав и се каам

 

Време е и за другата страна - интервју со Џихан од "Парампарче"

 

Кога би можел да го вратам времето, никогаш не би и приредил такво нешто. Од мојата уста излегоа некои потполно бесмислени работи, а настанот поприми невидени размери поради социјалните мрежи.

 

Erkanzagulser1


Големиот скандал кој се случи за време на снимањето на хит серијата "Парампарче" беше најжешка тема во турските медиуми. Судирот меѓу главните актери Еркан Петеккаја (Џихан) и Нурѓул Јешличај (Ѓулсерен), ја разбранува турската јавност, по што следеше судска разврска во која актерката гo тужеше нејзиниот колега за мобинг и го доби спорот против Еркан. ТВ Пакет пишуваше за целиот случај и објави ексклузивно интервју со Нурѓул :

 

Erkanzagulser2


За тој случај и ден денес се зборува – таа го напушти проектот затоа што веќе не можеше да го поднесе неговото изживување, а нејзиниот лик Ѓулсерен мораше да умре. А пак тој во своја одбрана рече дека Нурѓул нема да смее да излезе на улица ако проговори за сѐ што се случуваше позади камерите. Неколку месеци после скандалот, бурата малку стивна, а главниот актер одлучи да раскаже за сѐ она што се случуваше. Да ја слушнеме и другата страна од приказната, интервју со Еркан Петеккаја, познатиот турски актер :

 

Erkanzagulser3


Многумина се свртија против вас после расправијата со Нурѓул Јешилчај. Што всушност се случуваше?
- Многу од работите кои им ги кажав на новинарите беа неофицијални. Ги убедував да не пишуваат за тоа бидејќи ќе настане хаос. Што можев после да направам? Како да интервенирам? Така е кога разговарате по телефон и личноста од другата страна не го гледа вашето лице. Значи ако тогаш зборувате нешто налутено, таа личност нема да знае каде е запирка, а каде точка во вашата реченица и сѐ може да биде сфатено потполно погрешно. Тогаш веќе нема враќање назад.

 

Erkanzagulser4


Дали подоцна се покајавте?
- Секако дека да. Направив нешто глупаво и потполно непромислено. Паднав во рацете на луѓе кои веќе не ме сакаа. Ме поставија низ сите медиуми велејќи дека газам на женските права. Лично сметам дека правата на жените се битни, но не ги делам луѓето според тоа дали се мажи или жени.

 

Erkanzagulser5


Кога би можеле да го вратите времето, дали би постапиле исто?
- Се разбира дека не. Од мојата уста излезе нешто потполно бесмислено. Но се случи... Сепак, има и полоши работи од тоа. Сето тоа наиде на големо внимание поради социјалните мрежи. Сите во рацете ги држат телефоните, никој со никој не разговара, луѓето само коментираат. Поради тоа, значењето на овој настан поприми невидени размери.

 

Erkanzagulser6


Ајде да се вратиме на серијата “Парампарче”. Со оглед на тоа што рејтингот падна, мислите ли дека серијата ќе опстои?
- Новата (трета) сезона доведе промени кои ја изненадија публиката. Децата пораснаа и сега сценариото е повеќе прилагодено кон нив. Сепак, мислам дека промените беа повеќе од потребни, за гледачите и понатаму да би биле заинтересирани да ја следат серијата.

 

Erkanzagulser7

 

Во Турција, во истиот термин кога се емитува серијата “Парампарче” на конкурентската телевизија се емитува новата серија на Арас Булут Ијнемли кој беше ваш син во серијата “Бурни времиња”...
- Не ја заборавајте и Ајча Бинѓол, и таа има нова серија која се емитува во истиот термин. Секако дека сум многу среќен поради нив и на двајцата им посакувам многу успех во нивните нови проекти. Бидејќи прашањето се однесуваше на Арас, можам само да додадам дека тој е исклучително добра личност, дури и денес го гледам како син и му посакувам сѐ најдобро.

 

| ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012