54654

Од редот на величествените - доаѓа „Карасевда“ само на Сител

 

Одбрана за најдобра тв новела во светот за 2017-та година

 

Наскоро на Сител телевизија започнува долгоочекуваната турска драма "Карасевда". Бескрајна љубов пред која небото ќе заплаче и морето ќе се повлече. Љубов на која сите ќе се радуваат, но само едно нешто ќе ги отвори портите на пеколот. Наскоро, топлата и тажна приказна за една црна љубов.

 

Beskrajnaemi1

 

За прв пат во историјата на престижните интернационални награди ЕМИ, турска серија е избрана за најдобра теленовела за оваа година. "Kara Sevda" е таа која триумфираше во категоријата за најдобра теленовела.

Интернационалните ЕМИ награди се најзначајни награди во меѓународната телевизиска индустрија, а наградата за најдобра теленовела досега ја имаат добиено бразилските "Индија" (Сител), "Илузионист" (МТМ), "Рамо до рамо" (ТВ 21), како и португалската "Тајната на дивата река" (Сител).

 

Beskrajnaemi2

 

"Карасевда" е една од најуспешните телевизиски драми од Турција последниве години, која со голем успех се емитуваше во сите балкански и арапски земји. Има добиено многу признанија во матичната земја како 'Најдобра драма на годината' од страна на познати турски универзитети, а признание од жирито доби и на 11-те интернационални награди Seoul Drama Awards in 2016.

 

Balibegdoagavo20181

 

Стана една од најпродаваните турски серии, носејќи се рамо до рамо со Шехерезад, Лисјата, Величествениот и Фатмаѓул, a во Словенија е најгледана турска серија досега.

 

Beskrajnaemi3

 

"Бескрајна љубов" е новела во која главната улога ја толкува познатиот Бали Бег, а веќе од следната седмица, ексклузивно започнува и во Македонија на Сител телевизија. Бидете со ТВ Пакет и први дознајте што крие приказната за новата бескрајна љубов - "Карасевда".

 

Дани | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012