Создадено на 27.01.2018 10:08
Дневна реприза на крими серија на Телма
"Пабло Ескобар" е серија која го прати животот на господарот на злото и кралот на дрогата - Пабло Ескобар, творец на меѓународниот систем за дистрибуција на кокаин и најголемиот водич на колумбиски нарко картел. Се работи за колумбиска серија, снимена во 2012 година, која репризно ќе се емитува на Телма, од понеделник до петок во 16.45 часот.
Амбициозноста на овој проект се гледа во тоа што е снимен на 450 локации, има актерска екипа од 1300 актерски имиња и е заснован на веродостојни новинарски статии и сведоштва на сите оние кои на било кој начин биле во контакт со овој брилијантен криминалец.
Серијата ја осмислиле и продуцирале Камило Кано и Хуана Урибе. Камило Кано е син на Гиљемо Кано, убиен од Ескобар во 1986 година, а Хуана Урибе е заменик директор на колумбиската тв куќа Каракол чија ќерка исто така била киднапирана и убиена од Пабло Ескобар во 1989 година. Серијата има добиено многу награди на Premios India Catalina, Premios Clic Caracol, Premio Momento и Premios TV Adicto Golden Awards.
Во улогата на најголемиот нарко дилер на светот е Андрес Пара, а негова партнерка во серијата е Енџи Цепеда, позната за македонската публика по главните улоги во "Фиорела" и "Луз Марија". Насловната нумера "La última bala" ја изведува Yuri Buenaventura.
Пабло Ескобар е роден во колумбиското село Медалин како син на фармер и учителка. Како мал не сакал да учи, туку навлегувал во разни неволји заедно со неговите брат и братучед. Почнал како ситен криминалец и крадец, но брзо напредувал до разнесување и криумчарење на дрога. На 32 години станал мултимилијардер и заработувал по пола милион долари дневно од шверц на дрога. Во стилот на Робин Худ, дел од парите вложувал во изградба на училишта, спортски игралишта и им давал на сиромашните.
Дани | ТВ Пакет
Малата Мелек вози кола ? 8 - годишната актерка Бере…
Големата 30ка - недела во 20 часот на Телма "Фчераш…
Познатото американско ток шоу стартува на Телма телевиз…
Ново телевизиско шоу на 1 тв Нова телевизиска …
Мелек и во сабота навечер, веднаш по "Јазол" Од сег…
ТВ водителот и новинар во шоубизниот Зоран Василевски-Ф…
Роденденски "Поточиња" на 24-ти и 25-ти март Јубиле…
Човекот наречен King of the cool- BRYAN FERRY доаѓа во …
Со задоволство Ве информираме дека после многу фестивал…
Вечерва имаме можност да ја погледнеме светската атракц…
Моќната поп етно балада доби инструментална верзија …
Вечерва искрено интервју со големиот гитарист Во не…
Авалон со концерт и на Јосипа Лисац Концертот на Јо…
Владо Јаневски најавува голем спектакл на 1 јуни Ав…
Што следува по Скопје, Охрид и Битола ? Авалон со г…