54654

Откриваме што значи насловот на новата турска серија на Сител

 

Приказната за бескрајната љубов и во Македонија

 

Со стартот на следнава седмица, на Сител телевизија започнува со емитување популарната турска новела "Карасевда". Со самата најава на Сител телевизија, серијата уште незапочната привлече големо внимание не само поради љубовната приказна која е на прагот пред гледачите, не само поради Бали Бег кој ја толкува главната улога, туку и поради специфичното име "Карасевда".

Зошто токму една од најуспешните турски серии го носи ова име? Што значи тоа име и зошто воопшто е така преведена?

 

Imekarasevda1

 

За многумина овој термин не значи ништо, но всушност постои збор 'карасевда' во македонскиот јазик, односно транскрипција од турскиот збор 'кара севда'. Во речникот на македонскиот јазик, 'карасевда' значи голема тага поради љубов.

 

Imekarasevda2

 

Љубов на која ќе им позавидат. Љубов која ќе се скрши под товарот на уцената. Страст која нема да може да се изгасне. Сон од кој никогаш нема да сакаат да се пробудат, сѐ до еден момент... сѐ до кобниот момент. Главните јунаци Кемал и Нихан наскоро на Сител телевизија ќе донесат невидена борба за љубов, приказна за една голема љубов и уште поголема тага по изгубеното и најсаканото.

 

Imekarasevda3

 

"Карасевда" е добитничка на престижната ЕМИ награда за најдобра теленовела за изминатата година во светот, а самата серија стана една од најпродаваните турски драми и најуспешните прајмтајм програми на балканските телевизии.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012