54654

Приказната за „Султана“ во новата турска серија на Канал 5 телевизија

 

Љубов, традиција и хумор во новата серија на Канал 5

 

Од понеделник до петок во 17 часот, Канал 5 телевизија ќе ја емитува турската драма "Султана", снимена во 2012 година. Главниот лик во серијата го толкува познатата Нурѓул Јешличај која ја гледавме како протагонистка во Љубов и казна, Конакот на агата, Бунтовничка и Парампарче.

 

Sultanadizi1

 

Приказната за Султана започнува години порано кога младата девојка бега од својот дом и решава да се омажи со Шехмус, и покрај противењето на нејзините родители. Но, на денот на свадбата, нејзиниот сакан заминува во Франција и ја остава Султана кај неговото семејство.

 

Sultanadizi2

 

Поминуваат 15 години... таа живее со неговото семејство, одлучна да го чека сопругот и никогаш да не се откаже од него. Султана е жената што во надеж и копнеж 15 години го чекала својот сопруг да се врати, жената чија љубов стрпливо ги надминала искушенијата на околината и достоинствено го дочекала мажот. Доаѓа денот кога Шехмус се враќа во родното место, сосема неочекувано. Султана е среќна, но и разочарана во исто време. Шехмус не се враќа сам, и не се враќа за Султана.

 

Sultanadizi3

 

Тој доаѓа заедно со неговиот син, кој го добил од некоја си жена во Франција. Гневот на Султана расте од ден на ден, но Шехмус овој пат е решен да не ја напушти никогаш повеќе, да се бори да ја врати назад нејзината доверба и да ѝ докаже дека таа е жената на неговиот живот. Но, Султана, повредена, си заминува од тој дом. Што ќе се случува со безвременската љубов на Султана и Шехмус, дознавате на Канал 5 во 17 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012