54654

Хазал од „Парампарче“ : На социјалните мрежи добивав навреди и закани

 

За детството, ликот во турската серија, идните планови и мечти ...

 

Алина Боз е 19 годишната турска актерка која имаме можност да ја гледаме секоја вечер како Хазал во турската хит серија „Парампарче“ на Сител телевизија. Многумина ќе ја споредат со Меријем Узерли (Хурем) поради тоа што и двете се црвенокоси, имаат зелени очи и не се Турчинки. Ако Хурем дојде во светот турските серии од Германија, Алина (Хазал) дошла од Русија.

 

Alinahazal6

 

Како доспеавте од Русија во Турција?

Тоа не е некоја долга приказна. До мојата седма година живеев во Русија, а потоа поради семејни причини се преселив во Истанбул.

Како зачекоревте во светот на глумата? Кој ве откри?

Уште додека живеев во Русија покажував интерес за театар. Преселувајќи се во Истанбул, почнав да глумам во театар и во 2009 година тетка ми ме запиша во агенција.

 

Alinahazal2

 

Како станавте дел од актерската екипа на серијата „Парампарче“? Дали помисливте дека за вас ќе се зборува толку многу кога започнавте со снимање?

Отидов на аудицијата за снимањето на серијата и потоа неочекувано ја добив улогата на Хазал. Секако дека не мислев дека толку ќе се зборува за мене. Мислам дека никој не очекуваше серијата да постигне толку голем успех. Тоа беше тешко да се претпостави со обзир на тоа дека постојат слични телевизиски проекти кои постигнуваат голем успех.

 

Alinahazal3

 

Дали некогаш се исплашивте дека нема да успеете?

Не, никогаш не се исплашив за тоа. Единствено што ме плашеше е тоа дека улогата нема да ја изглумам онака како што беше планирана.

Дали се идентификувате со ликот на Хазал?

Мислам дека никој не може да се идентификува со ликот на Хазал. Јас сигурно не можам, а мислам дека не можете и вие. Силно се борам да не ги повредам луѓето околу мене, затоа мислам дека не можам да се идентификувам со нејзе. Таа е вистинска лошотија.

 

Alinahazal1

 

Дали се сретнувате со негативни реакции од гледачите заради улогата која предизвикува сѐ, освен симпатии?

Секако дека се сретнувам со реакции од гледачите, но тие не се толку негативни. Повеќето од луѓето кои коментираат свесни се дека станува збор за улога. Кога и да зборуваат негативни работи, тоа првенствено се однесува на Хазал, а не на мене. Но на социјалните мрежи не беше така, таму сум изложена на многу негативни коментари и навреди.

 

Alinahazal4

 

Дали имате желба или сонувате да соработувате со некоја актерска ѕвезда?

Немам никој посебен на умот. Но се надевам дека во иднина ќе имам можост да соработувам со многу успешни актери.

Како се гледате во иднината?

Не сум една од личностите кои сакаат да прават планови за иднината. Исто така мислам дека сум премлада да би зборувала за планови за во иднина. Пред мене се и студиите на кои треба да се запишам и да ги завршам. Секако, се надевам дека ќе се занимавам со работи кои се прикладни за мене. Сакам да бидам среќна работејќи ја работата што ја сакам. Сакам да бидам пилот.

 

Alinahazal5

 

Со што се занимавате во слободно време кога не сте на сет?

Настојувам да поминувам повеќе време со луѓето кои ги сакам и со семејството. Во текот на неделата одам во училиште, а викендите сакам да ги поминувам што е можно поразлично, ако околностите ми дозволуваат. Ги обожувам животните, сакам сликарство, вајарство, пливање, лизгање на мраз, ме интересира и балетот. Популарноста воопшто не ме промени - и понатаму се возам со автобус како сите луѓе и уживам во малите нешта.

 

Alinahazal7

 

Што за вас претставува мода?

Не сум личност која премногу ги следи модните трендови, сакам облека во која се чувствувам слободно и опуштено.

Како би го дефинирале вашиот стил?

Фармерки, маица на кратки ракави и спортски патики.

 

 | ТВ Пакет

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

1111ivan Baner

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012