54654

Канал 5 ја „смести“ добитничката на ЕМИ во доцен ноќен термин

 

Ноќната реприза на романтичната комедија стана премиера

 

Бразилската ТВ новела "Вистинска ѕвезда" и добитничка на светската награда ЕМИ за најдобра новела во светот, "летна" од дневните термини на Канал 5 телевизија. Со самото започнување, серијата се емитува во попладневниот темрин од 14 часот (13 часот), но од четвртокот, 8 февруари, серијата не се емитува во стандардниот термин.

 

Vistinskaletna1

 

Оние кои ја следат веселата приказна за Елиза, девојката која стана дел од еден натпревар за ѕвезди, се зачудени во кој термин воопшто оди серијата или пак телевизијата ја укина, како што направи со низа претходно емитувани серии (Лале, Џанан, Доста е, Крај, Доктори, Очајни домаќинки, Забранети соништа, Украдени сништа, Изборот на Лара, Тишина итн.).

 

Vistinskaodivo13

 

Сепак, серијата продолжи со емитување но во доцните ноќни часови. Па така, секоја нова и премиерна епизода ќе може да ја следите по 23.30 часот, откако ќе заврши српската емисија или српскиот филм на програмата на Канал 5. Точен термин нема, зависи од времетраењето на српската програма.

 

Дани | ТВ Пакет

1 300

300x300 Mins

300x300 Min

300x300 Min3

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Bannerprimetime

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012