54654

Во недостиг на програма, ТВ Нова со реприза на руската мелодрама

 

Уште едно емитување на интригантната московска приказна

 

Информативната телевизија Нова во недостиг на премиерна програма, ја репризира руската мелодрама "Семејни вредности" во 60 продолженија. Серијата со емитување заврши минатата седмица, а веднаш потоа во истиот термин од 18.40 часот започна реприза од првата епизода.

Во продолжение ве потсетуваме на содржината на оваа руска серија на ТВ Нова :

 

Semejnivrednosti1

 

Татјана е талентирана и трудољубива примабалерина на московскиот театар. Ќерка е на позната примабалерина Ана, а има брат Игор и сестра Олга. Секоја недела Ана Павловна го собира своето големо семејство за заеднички ручек. Децата и внуците на масата ги споделуваат своите достигнувања и планови за кариера, едни со други. Игор и Олга избрале за себе посуптилни занимања, но секој е успешен во својот бизнис и е среќен во бракот.

 

Semejnivrednosti2

 

Татјана, пак, од мали нозе сонувала да танцува на сцената на големиот театар и токму таа желба станала реалност за неа. Таа била единствената во семејството што ги следела стапките на нејзината мајка - па така станала балерина. Искрена и наивна, таа не забележува ништо околу неа, освен омилената работа и хоби - балетот. Љубител е на културно општествени настани, но тој живот на сјај и гламур воопшто не ја промениле, не ја направиле безкруполозна и безчувствителна. Но, светот на уметноста не е исполнет само со подеми, туку и со интриги и падови, лукавство, завист и задкулисни игри.

За завидливото театарско опкружување е тешко да се верува дека сите нејзини брилијантни успеси се резултат на многу големи напори и лични загуби, па злобните јазици започнуваат со сериозни игри против неа. Светот на театарот е суров. Не сите нејзини колеги се љубезни и несебични, некои се подготвени да ги елиминираат конкурентите со какви било средства за да ги постигнат своите цели ...

 

Semejnivrednosti3


Нејзината најдобра другарка е исто така балерина, но е љубоморна на Татјана и затоа решава да ја тргне од патот. Предизвикува несреќа, во која Татјана ќе ја скрши ногата, и на тој начин таа ќе го завземе нејзиното место на големата балетска сцена. И нејзиниот сакан исто така посакува и прави сѐ да би нејзината кариера заврши трагично. Горката вистина носи тага за нашата балерина. Лоша судбина на лаги и клевети се надвиснува над Ана, а таа истовремено ќе се труди да ја сочува вербата во луѓето, надевајќи се дека постојат такви кои ќе ја поддржат, а нема да ја турнат во бездната на пропаста.

 

Semejnivrednosti4


Сè во семејството на Татјана почнува да се распаѓа. За време на прославата на роденденот на Ана Павловна мистериозно исчезнува дијамантскиот ѓердан, а борбата за наследството ќе ги урне сите семејни вредности, кои постоеја дотогаш.

Улоги : Анна Пескова, Ольга Науменко, Петар Зекавица, Виктор Добронравов, Ксения Энтелис, Дмитрий Орлов ...

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012