54654

Фото | Сексипилниот Емир од „Карасевда“ се опушта со миење садови

 

Дознајте повеќе за негативецот од турската хит серија на Сител

 

Emirkara1

 

Турската серија "Карасевда" која се емитува секоја вечер на Сител телевизија успеа по првите неколку епизоди да стане најгледана телевизиска програма во Македонија. Љубовната приказна меѓу Кемал и Нихан пред која и небото ќе заплаче, а и морето ќе се повлече, успеа да ја заинтригира македонската гледачка публика која секојдневно исчекува дали ќе се оствари големата и бескрајна љубов на протагонистите.

 

Emirkara3

 

Но, она што особено привлекува внимание, покрај главните ликови, е и главниот негативец Емир. Тоа е лик кој физички е атрактивен и сексипилен, но неговата посесивност кон сопругата ги надминува сите граници на разумот и неговите постапки до крајот ќе ги шокираат гледачите.

 

Emirkara4

 

Неговата егзотична убавина се должи на тоа што актерот Каан Урганџиоглу води потекло од арапските земји. Додека студирал на отсекот по пазарен капитал, не ни помислувал дека еден ден ќе се занимаа со глума.

 

Emirkara9

 

Но, по запознавањето со една турска глумица, вратите од големиот шоу бизнис се отвориле за младиот Каан.

 

Emirkara5

 

- Откако запловив во глумачките води, сфатив дека навистина уживам во ликовите од сценаријата кои треба живописно да ги донесам пред камерите. Тоа е тоа што ме исполнува и единствена работа која сакам да ја работам во мојот живот. Глумачката професија е тешка и бара целодневни ангажмани, како и одрекувања од многу работи во животот. Тоа е битка, во која поединецот е сам на себеси најголем сојузник, но и најозогласен непријател.  - кажува Каан за изборот да биде актер, наместо да тргува на берзи.

 

Emirkara2

 

Го опушта една шолја турско кафе која ја пие во својата фотелја откако ќе се врати од работа. И сето тоа зачинето со добра и смирувачка музика. Освен кафето и музиката, се опушта и додека ги извршува домашните активности, како на пример перењето садови. Сака да има куќа со кров што се отвора и затвора по потреба, а дома задолжително се шета бос.

 

Emirkara6

 

За неговата љубов не се зборува многу, иако турските медиуми знаат дека постои некоја си Зејнеп во неговиот живот. За турскиот заводник, за љубовта не треба да се зборува затоа што од љубовта следува и евентуално раскинување кое може да создаде голема болка. Па затоа, подобро да се живее љубовта, а да не се зборува однапред за неа - кажува актерот.

 

Emirkara7

 

Каан е 36 годишен актер, кој и покрај тоа не завршил глума во Турција, сепак заминал за САД во 2008-та година каде шест години активно го учел актерството. Негова најпозната улога е токму улогата во "Карасевда", серијата за црната љубов и големата тага која го распарчува и најнескршливото.

 

Emirkara8

 

Дани | ТВ Пакет

 

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012