54654

Девојчето кое глуми за Оскар - запознајте ја Мелек од серијата на Сител

 

По првата епизода, малата Мелек ги освои симпатиите на публиката

 

Malamelek1

 

Берен Гокилдиз има само 8 години и е вистинска ѕвезда. Мала, но сјајна ѕвезда.

 

Malamelek6

 

Во неверојатно тешката приказна за семејно насилство, девојчето глуми со секој свој атом, со секоја своја клетка. Глуми убедливо. Животно. Силно. Глуми толку вистински со што секоја нејзина солза предизвикува море од солзи кај гледачите кои со задоволство започнаа да ја следат нејзината приказна на Сител телевизија.

 

Malamelek7

 

Берен е родена на 20 септември 2009 година. Оди во училиште и е второ одделение. Не ја сака математиката, но затоа го сака англискиот јазик и се обидува да го совлада.

 

Malamelek2

 

Кога ќе порасне, сака да биде гимнастичарка или пливачка. За нејзиниот ангажман во тв серијалот "Се викав Мелек", малата глумица ќе каже дека сите во училиште имале разбирање за нејзиното отсуство во текот на снимањата, и дека на сите им се допаѓа нејзината глума во играната сага за девојчето кое е робинка на семејните малтретирања.

 

Malamelek3

 

Во врска со серијата, ќе каже :

- Моја омилена сцена е онаа на автобуската станица. Една од најпотресните сцени е онаа во која Мелек е спакувана во кеса за ѓубре. Но, не ми беше тешко да дишам затоа што кесата имаше дупки за тоа. 

 

Malamelek4

 

Инаку за време на снимањата, таа била постојано во друштво на психолог кој одлично ѝ ги доловил сите ситуации околу приказната, за малото дете да не го сфати целиот тој семеен неред трауматично за тие години.

 

Malamelek5

 

Дани | ТВ Пакет

 

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012