54654

Починаа Рубио и Гера, ветераните на мексиканските тв новели

 

Починаa две големи имиња на Телевиса

 

На 83-годишна возраст денеска почина познатата мексиканска актерка Мариа Рубио. Веќе подолго време, актерката беше болна, но и смртта на синот пред неколку месеци во сообраќајна несреќа, очигледно ја докрајчи дона Мариа.

 

Marijarohelio1

 

Оваа актерка е позната за македонската публика по улогите во мексиканските теленовели "Саломе" (А1) и "Драга непријателка" (Канал 5). Особено ја паметите по улогата во "Саломе" каде ја глумеше богатата госпоѓа Лукресија Монтесино, која стори сѐ за да го раздели синот од сиромашната танчерка Саломе. Сепак, нејзината животна улога е улогата на Каталина, жената со превезот околу окото во "Волчјата колевка", една од култните мексикански тв новели.

 

Marijarohelio2

 

Освен Мариа Рубио, овие денови почина и мексиканскиот актер Рохелио Гера, познат за македонските гледачи по улогите во "Љубовта е вечна" (Сител) и "Украдена љубов" (МТМ).

 

Marijarohelio3

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012