54654

Турската романтична комедија „Љубов на ургентно“ стартува на AXN

 

Згодите и незгодите во еден ургентен центар

 

На програмата на кабелскиот канал AXN покрај многутте американски серии, започнува нешто и за љубителите на турската продукција. Романтичната комедија "Љубов на ургентно" ќе се емитува од понеделник до петок во 16:20 часот, со реприза наредниот ден во 9:30 часот и во 15:25 часот. Во продолжение ве запознаваме со содржината на оваа симпатична комедија :

 

Urgentnaljubov1

 

Синан е успешен млад доктор кој работи во ургентниот центар на една позната клиника. Тој живее сам во стан, и ужива во мирниот и слободен живот кој го има. Но, едно утро за Синан ќе внесе целосен немир и хаос. Тој се буди зачуден од бучавата која ја создава една девојка која се вселува во станот над неговиот. Воедно, истата таа девојка ја удрила и неговата кола кога се паркирала на паркингот.

 

Urgentnaljubov2

 

За Синан, ова е еден од најужасните денови, кој не сака да се повтори, ниту пак да ја види таа луда девојка повторно. Нервозен, оди на работа, каде дознава дека ќе има нов асистент кој ќе работи со него и ќе му помага во сѐ. Ни помалку, ни повеќе, докторот асистент е Нисан, девојката која му го уништи утрото и која од сега не само што е негова сосетка, туку и негова колешка. Таа е слатка и интересна, но многу несмасна и дрска.

 

Urgentnaljubov3


Ситуацијата за Синан станува уште покомплицирана кога и неговата сестра Ајла се вработува во ургентниот центар, а привремено се вселува и во неговиот стан. Со Нисан и Ајла, животот на Синан комплетно се менува. Спокојот кој го имаше повеќе не постои. На работа е хаос, дома е лудница.

 

Urgentnaljubov4

 

Истанбул носи многу весели и нови предизвици и за Нисан, за нејзиниот нов почеток, за нејзината нова работа... но постои нешто од кое нема да може да побегне. Минатото е она кое ќе ја прогонува Нисан дури и во новиот живот, а единствен кој може да ѝ пружи помош и поддршка е Синан, во кого и се вљубува.

Улоги : Serhat Teoman (Синан), Duygu Yetis (Нисан), Rojda Demirer (Ајла), Gökhan Soylu (Мурат) и др.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012