54654

Јанко Поповиќ ја превзеде улогата на главниот јунак во „Чиста љубов“

 

Од сега нов актер ќе се бори за љубовта на Соња во "Чиста љубов"

 

Еден од најпопуларните глумци во регионот, Јанко Поповиќ Волариќ од минатава седмица е дел од глумачката постава во епизодите на хрватската хит серија на Сител телевизија. Јанко ја превзеде улогата на Томо, кој досега беше толкуван од Иван Херцег.

 

Jankocista4

 

Оваа замена предизвика големи полемики во хрватските медиуми, како и меѓу фановите на "Чиста љубов". На многумина им е жал што Иван повеќе нема да биде главен протагонист, но тоа се должи на тоа што тој предизвикувал проблеми за време на снимањата, па продукцијата решила да го "тргне" и да донесе нов актер на негово место.

 

Jankocista1

 

Волариќ со големо задоволство решил да го замени колегата чие недолично однесување не можело повеќе да се толерира, па затоа новиот актер изјавува :

- Драго ми е што станав дел од екипата на "Чиста љубов". Среќен сум што сум дел од овој популарен проект и верувам дека со мојата глума ќе допринесам за уште поголем успех на приказната, која е одлично осмислена.

 

Jankocista2

 

Нашата публика особено го памети Јанко Волариќ по главната улога во "Обични луѓе", а запазен беше како дел од далматинската сага "Изборот на Лара".

 

Jankocista3

 

"Чиста љубов" ја следиме од понеделник до петок во вечерните часови на Сител телевизија, веднаш по завршувањето на "Се викав Мелек".

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012