54654

Фото | Мајката на Мелек приватно e убавица и мултиталент

 

Запознајте ја приватно несовесната мајка Шуле

 

Во хит серијата "Се викав Мелек" која секоја вечер се емитува на Сител телевизија го толкува ликот на Шуле, несовесна мајка и вистинска распуштеница. Но, во приваноста... Шуле е нешто сосема поинакво.

 

Shule1

 

Назал Гонџа Вуслатери е турска актерка, новинарка, сценаристка, поетеса и радио водителка. Родена е на 2 септември 1986-та година во Бурса, а со изучување глума започнува да се занимава од својата 9 годишна возраст.

 

Shule6

 

Големиот талент кој го поседува и наклонетоста кон психологијата  ѝ помогнале уште од мали нозе да се снајде во секакви жанрови на театарски претстави, па истата практика да ја продолжи и со сериите.

 

Shule4

 

Поради улогата во еден популарен турски ситком, Гонџа ја добила наградата "Златна пеперутка" за најдобра актерка во комична серија. Вистинскиот успех сепак доаѓа со улогата на Шуле во турската потресна драма "Се викав Мелек".

 

Shule2

 

Во серијата, актерката ја гледаме во улогата на биолошката мајка на малата Мелек, која е растргната меѓу љубовта кон детето и желбата финансиски да го задоволи својот злобен сопруг. И токму за оваа улога, ја има добиено наградата за најдобра актерка од познати критичари во Турција.

 

Shule5

 

Напоредно со глумата, таа објавува и неколку стихозбирки на песни.
 
Shule3
 
 Поради финансиски проблеми во младоста, Гонџа не ја исполнила желбата на нејзината мајка да се занимава со економија или право, но сепак нејзините уметнички таленти ја довеле до она што е денес - талентирана во повеќе области.
 
Shule7
 
 
Дани | ТВ Пакет
 

 

Tropico 300x250

1111bebe Humanitarna

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012