54654

Турската комедија „Животот е убав“ ова лето за викенд на Сител

 

Сабота и недела во 19.45 часот - летни лудории со Зарифе

 

Ова лето, за викенд ноќите, телевизија Сител ви нуди вистинска летна забава со новата играна комедија "Животот е убав". Јуни, јули и август насмејте се со Зарифе и селаните во 19 часот и 45 минути, секој викенд на Сител.

 

Zivototeubav1

 

Едно село и илјада проблеми во него. Градоначалникот на селото не сака туѓинци во него. Жените се оние кои по цел ден работат на нивите, а мажите се оние кои по цел ден седат по кафеани. И во една таква чудна средина, се запознаваме со уште почудната хероина Зарифе.

 

Zivototeubav5

 

Груба, дива, бунтовна, вулгарна, девојка без влакна на јазикот која не прифаќа неправда или наметнување на нечии ставови. Од таа причина, не сака да се ожени со синот на градоначалникот и од таа причина го крева својот глас во име на сите жени во селото. Не дај Боже некој да се доближи до неа. Стапот веднаш ќе заигра.

 

Zivototeubav4

 

Но, еден ден случајно таа среќава една фамилија измамници кои решиле да избегаат од Истанбул и да тргнат некаде како што никој нема да ги најде. Тука се таткото Шинаси, мајката, ќерката и двата згодни сина, Саваш и Бариш. Саваш е мачо маж и коцкар, а Бариш е непоправлив Казанова. Поради лудата Зафире, семејството прави сообраќајка на патот и се приморани да останат во селото.

 

Zivototeubav3

 

Но, како селаните ќе ги прифатат новите гости? Како Зарифе ќе успее да се справи со Саваш и Бариш, кои за неа се обични богати лигуши и мамини синчиња... но сепак се мажи. Господинот Шинаси дознава дека Зарифе ја знае тајната на магичниот рецепт во селото, и ги тера своите синови да ја смират девојката и некој од нив да се ожени со неа. Тој што ќе се ожени, ќе добие автомобил за подарок. Ќе можат ли Саваш и Бариш да излезат на крај со Зарифе или кога љубовта ќе дојде во прашање, нема повеќе компромиси и ветувања?

 

Zivototeubav2

 

Улогите ги толкуваат турските актери Ekin Mert Daymaz, Algı Eke, Burak Çelik, Öykü Çelik, Uğur Çavuşoğlu, Macit Koper, Hakan Meriçliler, Ali Düşenkalkar, Ali Erkazan, Lemi Filozof, Onur Özaydın, Sema Atalay, Deniz Baytaş, Ayşen Sezerel, Yeliz Akkaya, Neşem Akhan, Şennur Nogaylar, Seda Telciler, Batuhan Aydar, Hasan Denizyaran, Ömür Özdemir, Tolga Öztürk и Anıl Çelik. "Животот е убав" со летните содржини на Сител телевизија.

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012