54654

Од понеделник до петок, ја следиме „Нашата Дениз“ на Сител


Потсетете се како започна семејната драма за нашата Дениз

 

Телевизискиот мега хит "Карасевда" со новата сезона ексклузивно на Сител продолжува од есен, а на нејзино место во 22 часот започна со емитување новата турска драма "Нашата Дениз".

 

Natasadeniz1

 

Покрај многутте летни и забавни содржини на малите екрани ова лето, оваа серија успева да ја понуди бараната доза на љубовна драма за сите сладокусци на овој жанр. Вистинска драма следат гледачите на телевизија Сител секоја вечер, а Македонија е една од првите земји која ги откупи правата за оваа нова продукција од земјата на Босфорот.

 

Natasadeniz2

 

Како минуваат епизодите, станува се поинтересно и поинтригантно, но како започна оваа драма? За сите оние кои ја следат серијата, ве потсетуваме на главната нишка на приказната... а сите оние кои не ја погледнале, ќе имаат можност да се запознаат со сторијата и да се вклучат во приказната за тагата и болката на нашата Дениз.

 

Natasadeniz5

 

Уште на самиот старт од новелата, ја запознаваме главната хероина - Дениз. Дениз е скромна и паметна жена. Жена која навидум има сѐ што било која друга би посакала – богат живот во голема вила кој го дели со својот сопруг и двете деца. Верува на сите луѓе во нејзината близина, не знаејќи дека токму оние, најблиските може да ѝ забијат нож во грбот и тоа сосема одненадеж. Една од нив е нејзината пријателка Хулија... а еден од нив е и нејзиниот сопруг Алихан. Хулија ќе ја поттикне Шебнем, вработена во компанијата на Алихан да започне афера со него, а пак тој, Алихан, нема да може да одолее на Шебнем и во тајност, ќе ја изневери својата мила сопруга Дениз.

 

Natasadeniz4

 

Заслепен од страста кон Шебнем, Алихан ќе реши да остави сѐ зад себе, да ги остави својата жена и деца, да ја продаде компанијата и да замине далеку со љубовницата.

И по само неколку дена од неговото заминување, Дениз го губи целото богатство и останува сама со својот стар татко и своите две деца. Оставена сама на себе и разочарана, за Дениз сепак животот мора да продолжи. Таа нема друг избор освен да се труди да го даде најдоброто за своите деца и да ги одведе на прав пат.

 

Natasadeniz3

 

Сите заедно ќе мора да се преселат во едно сиромашно соседство, но тоа ни малку нема да ѝ се допадне на нејзината ќерка. За нашата Дениз и нејзините деца следуваат тешки времиња на прилагодување на новиот начин на живот, а на новиот пат, таа го запозна Мерит, кој стана нејзин спасител и човек кој ќе ја научи вистински да сака.

Главните улоги ги толкуваат Özge Özberk (Диви јагоди, Поинакви времиња, Збогум засекогаш, Роза, Север и југ) и Ahmet Kutsi (Мирниот сокак, Доктори).

 

Дани | ТВ Пакет

300x300 Min

SIDEBAR TOP BANER 1

SIDEBAR TOP BANER 2

Baner Idance

Bannerprimetime

Ексклузивно

  • 1
  • 2
  • 3
Prev Next

Телевизија

Забава

МК Сцена

Единствен телевизиски информативен портал во Македонија © ТВ Пакет 2009 - 2012